тупоти (несв.)
Гледа во патниците кои се појавиле исплашени по прозорците, срцето му тупоти, другите автобуси свират и тој не знае што да прави.
„Зоки Поки“
од Оливера Николова
(1963)
Тупотам со пиралката по алиштата, мавам со сета сила, а од мене, чувствувам, истечува некоја лутина, некоја болка, срцето се бистри.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Ќе сфати ли мајка Перса зошто ми трепери срцето и зошто така силно тупоти?
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Излезе ибн Бајко надвор од храмот, измазнет и бел во образот, како од бербер да излегол, намачкан со ѓулсуи и тие други берберски марифети. Срцето му тупотеше.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Притоа продолжи да тупоти со раката по меката перница.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Тупотат со копитата Удираат во земјата, во каменот Ја враќаат довербата во пламенот Со кој внимателно треба да се ракува Пред да се потпали летото Пред да легнеме на ледина Да се одмориме.
„Забранета книга“
од Веле Смилевски
(2011)