тупаница ж.

тупаница (ж.)

Тупаници стиснаа силно; пред мртвиот вака клетва изрекоа една: - „Се колнам јас, јунаку, никогаш мајката твоја да не ја нажали Гега.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Бев веќе повисок од него, имав страшно ива и бушава коса и силни стиснати тупаници.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Не можеше да ми избега, слепиот ѕид ги затвораше патиштата што водеа в свет а јас бев испречен пред него, со стиснати тупаници и намуртено лице.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
- Слушајте, мавташе со тупаница еден од „осмаците“, долго црногриво конте.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
И овие сите паѓаат на земја, удирајќи се со тупаници в гради, во знак дека се каат.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Тој го стави српот на рамо, ги потпре тупаниците на колковите и се подисправи за да ја надвие болештината на крстот.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Кога се исправи со стиснати тупаници за првпат го виде неговото лице со ниско чело умни, повеќе потсмешливи отколку насмеани очи и усни, што не беа калап за забите, ни мера, рамномерност, соодветност за женскиот нос и меката брада.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Сега, сега, повторував во себе. Сега, сега јачеа во мене одѕиви. Сега, сега, се стискаа тупаниците на Гавранот.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Удираше со тупаници по вратата. Отвори, отвори, пак шушкаше.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
И тој неочекувано извади од длабокиот џеб две стуткани стотки, ги крена високо и удри со тупаница врз масата; ја покажуваше волчата челуст, црна и длабока болка во која тапо јачеа прашања.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Од вакви села беа оние што носеа во своите тупаници бунт, што прашуваа каков живот ќе бранат.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
„Не“, притрча таа кога агентот првпат го удри со тупаница и му го расече образот со остриот камен на прстенот.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
И почнаа сите фанатички да се смеат и да ја бијат со тупаници и да ја плукаат по лицето.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
На нозе сите, и секоја да ѝ удри по една тупаница по муцки и да ѝ плукне в лице. – Ха, ха, ха, ха! – почнаа да се смеат сите кадани, очигледно задоволни што не им го презеде младата ѓаурка добриот кадија.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Мракот му се лепеше за кожата и тој затропа на првата врата сменувајќи ги тупаниците како чекани. Брзо, со сета сила на својот страв.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Залипа и со обете тупаници се удри по чело.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Му иде да вика, да удира со тупаници, да заплашува.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Глигор крена рака. Јадра тешка тупаница се сруши на кревкото раме од чуварот.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Сега сонот му е бунило. Се преметкува, ги размавтува тупаниците коишто паѓаат врз главите на неговите заспани другари и оставаат на штиците траги од крв.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Оној закон, што беше всаден во крвта и во секоја жиличка и во секое потреперување и на таа тупаница растреперен живот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Повеќе