тулумба ж.

тулумба (ж.)

Еднаш овдека Никифор ме ранеше со тулумби и шеќерпариња.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Перките на вентилаторот се вртеа, се вртеа и лимоните во големата тегла со природна лимонада, долгиот излог на ладилникот беше нареден со тулумби, кадаиф, баклави, еклери, шампити, кифлички и колачиња, а празните масички со лажен мермер ги чекаа учениците, а особено ученичките од големиот одмор во блиската гимназија.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Тие оставаат големи суми у тангите на танчариците додека нивните домаќинки замотани у шамии им праат баклави и тулумби по дома.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)