тукушто прил.
тукушто сврз.

тукушто (прил.)

Кога дојде софрата за ставање, Доста стана, го зеде ѓумот и леанот од под ковчег, и, ни пет ни шест, по сиот домаќински ред и адет им тури вода на рацете на машките, ја зеде софрата; а да не поткрева веднаш во ноќвите, ѝ вели на Митра, која тукушто ја извади тавата од оганот: — Дај ми а, сестрице Митро, тавата, отвори го ковчегот и клади леб на синиата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Сега не си влезе право дома и не го остави ракавот во камарата над оган, ами влезе в земник, го отвори ковчежето во кое си собираше разни работи и каде мајка ѝ никако не проѕираше, го развитка ракавот, прислушна да не иде некој, ја извади китката, и така сама почна да ја гали, да ја мириса, да ја бакнува по цветот и повеќе по корењето, ја лепеше до образи де од едната, де од другата страна, ја притискаше на гради, та дури го извади гушалчето и ја кладе под левата гола град под која силно, како чекан, биеше нејзиното, тукушто разбудено, младо срце.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Квачката е излезена до каде 'ржаново, а Деницата тукушто се јавила; треба да има ранко три четири саати.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Трајанка тукушто влезе дома и тукушто почна да ѝ кажува на мајка си што се случило, одајата се наполни со жени и деца кои сакаа да разберат сѐ.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Мартин му ја прегрна раката, се поткрена кон неговото уво и шепна: - Тате, тој е! – рече и пак ги почувствува сите студени морници како му јурнаа по малото топло, тукушто разбудено тело.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
И точно кога сака сето тоа да се сврши, чувствува дека сето тоа тукушто почнало.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
„Свињо“, рече, закрцка во коренот; тие што беа близу забележаа дека тукушто почнал да се разболува од жолтица.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
И штом убаво се развидели, го нагрна кусото, со срма извезено џамаданче, го накриви испегланиот, тукушто донесен од калап фес и, мамурлив од пиењето и неспањето, тргна сам со Бакала накај езерото.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Но тукушто влезе, таа застана стаписана.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Влезе Садие. Во рацете држи топла пита, тукушто извадена од фурна, чрчори.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
И на галебовиот синур лежи назабената силуета на броодт, тукушто пуштил сидро.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Потпрен на ѕидот, тој изгледаше мирен, чист и нов како да не учествувал во тукушто свршената тепаница.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Тукушто се ослободи од своето штуро бладање.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Мајка им тукушто беше излегла од кујната, а Златко се фрли кон шарената мачка што дремеше спокојно врз перницата.
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
Гоце тукушто го беше започнал часот со учениците во новоселското училиште, некој чукна на прозорецот од училницата.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Тоа може да го почувствува само суштество од седумнаесет години кое тукушто се разбудува од детскиот сон.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Мартинките на двајцата светеа на утрешното сонце кое тукушто се пробиваше преку гранките на борјето и ја гонеше седата покривка од нивните „коси".
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
11 Мотив: рана пролет: Брегот на Профим зазеленет; неколку јаболкници и праски избрзале, порано расцутеле, се преливаат во алови и бели бои; по падините на брегот излетале и првите жолти цветчиња расфрлени како распукани жолчки; белее куќата на Профим, која е скоро варосана, а покривот црвенее како тукушто пресечено месо; по брегот пасат неколку овци, кои, чиниш, не се движат, небаре стојат во излог за детски играчки; еден коњ слегува по патеката со крената опашка како да лебди во воздухот; две шареникави добичиња, крава и вол, со издолжени вратови брстаат по зеленилото спуштено ниско и се допираат, се чешкаат со колковите; по коњот оди човек (веројатно Профим) со лимена кофа в рака; на кофата е паднато сонцето и облеснува; нишајќи ја кофата, човекот како да сака да го брецне сонцето; друг некој (веројатно Скрче) се шета низ бавчата, оди од стебло на стебло и ја потпира главата на нив, како да ги гризе.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Тукушто се бевме разбудиле. Машкиот глас што го чув беше непознат.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Во почетокот чувствував непријатност таа, учителката, тукушто дојдената жена во нашиот дом да ги врши за мене работите, на кои толку долго време бев навикнала, па и некаков пркос не ме оставаше тоа да ѝ го дозволам.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Повеќе