трубач (м.)
- Извинете, што рековте?... - Реков трубачот. Извикајте го трубачот...
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Така: „извикајте го трубачот“. Ела сега разбери се!
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
- Честитам, ме расплака, му вели Данче на трубачот.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Со каква самовозљубеност го извади пергаментот од под својата риза, и како само го разви свитокот, и како читаше, и во каква поза, како трубач небесен!
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Меѓу нив, навистина, имаше и трубачи, па и мајстори за правење топови со платичка и до педесет аспри - убава платичка! - но нели и тие сепак беа робје на господарот?
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Имаше тука и јамајкански рапери и американски поп-пејачки и многу електроника и семплови и хорови и цигански трубачи...
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)