трска ж.

трска (ж.)

Чунот се пробиваше тешко низ тесниот пат, просечен низ честата гора од трска.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Откако одврза еден чун, тие седнаа во него и потпирајќи се со долги притки по мочурот, обраснат со подводни треви, запловија низ трските.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Арно ама, само што завеслаа накај трските, кога од таму нечујно исплови друг чун, кој што одеше право накај нив.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Ја милува студената двоцевка со тапиот палец и го слуша шушкањето на невидливите трски од мочуриштето.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Напаѓа жарје и пуза по покривачите што беа повеќе од трска и штици, и, дури да се забележи пожарот, чаршијата вивна во пламен. Му кажаа на кадијата за случајов; тој нареди да се гаси пожарот, а само длабоко се замисли: Ама пис милет, анани... ана!
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Се иколу него во тоа мочуриште беше зелено и црно, жабји отров и темно сеќавање, а тој мавташе со бела острица и ги сечеше трските како да се виновници за неговото зло.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Брате Јоване, јас сум една од оние бубачки што со своите многу очи гледаат десетици слики одеднаш - и се виде самиот себе во гумени чизми до појас, таму, на едно мочуриште, меѓу трски и меѓу селани, потонат в густо и зелено крекање на илјадници невидливи жаби.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
И силните раце што ја кршеа како слаба трска.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Трајче излезе надвор и донесе суви трски.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Од чудо трските зинале, од чудо бунарите пораснале, од чудо пеплиштата лански на пат заминале, од чудо друмовите изгаснале.
„Најголемиот континент“ од Славко Јаневски (1969)
Збор ти давам. Земјината топка прска од силен и тежок удар на зелена барска трска... Чудни чуда, чудни чуда!
„Најголемиот континент“ од Славко Јаневски (1969)
Од чудо суви трски израснале. и пепелишта лански изгаснале.
„Најголемиот континент“ од Славко Јаневски (1969)
14. ДАЈ МУ МИЛОСТИЊА НА СИРОМАВ АКО Е САКАТ - а не ако главата ко трска ја клати.
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Го бараа во куќата: по соби, по керали, по тавани, по дупките од ѕидовите, но никаде го немаше; го бараа во колибата, во шеварот, во трските, во плитката и длабоката вода, но и тука го немаше; го бараа во шумата, во планината, по дрвјата, по листовниците, по пештерите, но и тука го немаше; го бараа по падините, по ниските и високите тревје, по билките и растенијата, но и тука го немаше; го бараа по дупките од сите ливоти и животни, но и тука го немаше; прашуваа луѓе од други села, од други места, прашуваа до кај што некој ќе стасаше, но никаде го немаше.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
понатаму од трските и шеварот гледаше Висар, како жените, по умирањето на некој, ја вадеа сета постела на која спиел умрениот и сета покуќнина со која се служел, да ја мијат на езерото да ја тријат: веленце, мутав, постеќија, сазма, клашник, сакма, џубе, ресичка - удираа со пиралките на нив, фрлаа пепел и катранен сапун, луга и жива сода за да го извадат и очистат од нив и допирот и здивот од умрениот;
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
и тука, слично на овие птици, крештеле, врескале, пискале, југале, фаќале заскитани добичиња ноќе, ги молзеле, им ја пиеле крвта, играле оро околу нив земајќи им го умот, се пикале во оџаците и гнетеле крпи за да им чади на луѓето; тука луѓето сега, на тие трски и шевари, после секој погреб фрлаат од умрениот: кошула, чорапи, капа, антерија, риза, убрус, скутник, шалче, шамија - за покус, за да не повлече умрениот и друг по него од куќата;
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Топла е летната ноќ но во нив се вселува бавно трпката трска на осамата.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
„Свињо ... Поарно прашај ги ѓаурките со оторбешени боски како се виткале под мене на асури од блатишните трски.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Дење ги скубе пердувите, ноќе ги лепи на трски и на секакви конци и жици.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Го бодинам кон езерото, навлегувам во трските.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Повеќе