трпезариски (прид.)
Скопскиот производител се покажа само со два свои производи: трпезариска маса со столови, во стил, и со една дневна соба, наменета за самци и за хотелски објекти.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Беше беден трпезарискиот декор на приземјето. Ѕидовите речиси до таванот нашлакани во кафеаво. Гледаше на еден ќор-сокак.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
На трпезариската маса на која немаше ништо оставив ливче со лого од конференцијата на кое пишуваше „извинете“.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Трпезариските столови беа наредени како во строј, исто како и малите орнаменти на полиците.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Во двете соби, од кои едната продолжуваше во ниша изделена со ламперија, беа сместени неколку ниски тапацирани столчиња и една табуретка, меѓу нив дрвена масичка, креденец со три реда рафтови, шкаф за облека, трпезариска маса со неколку високи столици, како и два железни кревета кои некогаш ги користеле чуварите од фабриката „Металски завод“.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)