трофеј (м.)
Не ќе видам да носиш пак на коњот трофеј боен, да стигнеш гордо, в роден крај.
„Сердарот“
од Григор Прличев
(1860)
Се јадосуваше Стивенс што остана без прекрасен трофеј.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Поради некои негови заслуги – рогови што никој од присутните не ги знае, но со тоа што му доделува ваков трофеј се знае дека е во прашање голема подлост.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Во отворената дневна соба се наоѓаат трофеи што потсетуваат на приказната за неговиот исклучителен живот.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Понекогаш и императорите победници не сакале да го урнат храмот на религијата на другите, туку да го задржат како трофеј на нивното освојување.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Во училиштето била капитен на хокејската екипа и две години едноподруго го освојувала трофејот за гимнастика.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Долги години ја носев неговата сабја како трофеј...
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Да не ги спомнувам и другите трофеи: главите на свињи, на јагниња, па и на телиња; со вџашени очи од кои се ронат солзи како црвени цреши.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Тоа заедно со некоја играчка Маде ин Хонг-Конг, беше главниот трофеј со кој што се враќаш после десет дена одмор кај втората страна од привремената спогодба.
„Филтер Југославија“
од Константин Петровски
(2008)
На комитите им ги отсекоа ушите за трофеи, па ги понесоа со себе за доказ пред султанот.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Го изгубив трофејот, а потоа тргнав во потрага по задоволства.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
До сега се закитила со два трофеја. И двата „сома“ биле „среќно“ оженети.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Се виде себеси како ловен трофеј обесен на ѕидот во собата на Томо.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
- Води ме, само немој да ме носиш, - се насмеа Рада додавајќи - Значи тоа е твоето омилено место за егзекуција на твоите „трофеи“.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
- Ме збунуваш! На какви егзекуции и какви трофеи мислиш? - Ма, знаеш ти добро. - му одврати Рада.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)