тропнува (несв.)
ПАНДЕ: Вратата беше отворена. Ама јас пак тропнувам оти влегувам!
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
И не плаши се, јас... јас нема да бидам далеку, нема... нема... (Нешто тропнува во собата каде што остана Луков.
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
Таа тропнува леко на вратата. Никој не се одзива. Отвора. Мрачно е. Орде веќе легнал и заспал. Пискулиев уште не си е дојден.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Пискулиев го спушта погледот долу, очекува, но копитата пак тешко тропнуваат по бетонот и стражарот ништо не му вели, иако - нема сомнение - сакаше баш тоа да му го каже.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)