тромо (прил.)
Трчаше пред аскер бимбашијата на својот арапски коњ, им даваше зорт на јузбашиите, мулазимите, башчаушите, чаушите и онбашиите да го стегаат аскерот, што побргу да накачува на нагорништето, за да дојде до целта незабележан уште неразденето убаво, но аскер како аскер, се влечкаше тромо и, спротивно на офицерските желби, не сакаше да влегува во борба ноќно време, оти не можеше да види што ќе нагази и откаде да се пази.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Го оставивме да плута, прпелкајќи се тромо во темната вода.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Неговиот дебел, сребрен ќостег, на кој му висеше исто таков сребрен часовник, небаре зборуваа за него тромо и со тага.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Тој мавташе тромо со раката.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Луѓето тромо се движеа низ калта, а гласовите нивни како да идеа отстрана, некаде подалеку од нив.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Сам на масата, си мрмореше сега нешто со себе, а издадената долна рилка тромо му се стегаше и отпушташе.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Разврската мораше да се случи. Беше влажен мартовски ден. Метрополата тромо дишеше под густата магла.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Петок Февруари ...и без да се сетиме на неа, осамата доаѓа немо и тивко, тромо најавувајќи ја својата моќ, својата желба за освојување дури до прогон.
„Записки“
од Милчо Мисоски
(2013)