тромост (ж.)
Силата веќе ѝ беше одземена од студот, а тежината и тромоста зголемени.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Ми се гади од тромост, неподвижност, мрзливост и болести.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Победувајќи ја тромоста што условува губење на ентузијазам, тој нема веќе потреба од самообвинување: неговата самопочит се зголемува.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Ти стоиш постојано И за прв пат преоѓаш преку небото Со своите очи од лава и тромост.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)