трка (ж.)

Тогаш, на ова исто место со запомнета слика: грст печурки под стебло, јаз, љубовна трка на кратковечни вилини кончиња.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
ЛУДА ТРКА СО ВРЕМЕТО
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Но само што тие прејдоа на другата страна и само што ги боднаа своите коњи кон ајдутските, од некаде од врбјаците истрчаа тие, ајдутите, Владимир и чупата Перуноска; се фрлија одозгора на коњите и преку чаирите ја трештија спрема врбјаците, спрема Мртвиците Чепиговски. Петерџиите со силна трка по нив.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Помислив, еве уште една нестрплива млада ждребица пред трка.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
По онаа победа во трката на 60 метри станав популарен.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Помислив како трговецот им се потсмеваше на надмените христијански господари на кои, трошејќи ја умешноста на облекување, чешлање и правење заговори на хиподромот меѓу две трки, не им паѓаше на ум барем да се потсетат на својот народ.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
17.10 Дрогата удира со сета своја силина - Па, па „топол и еластичен“ свету и полека се пуштаме по тобоганот на жестоката, еуфорична, извиена, параноидна, бескрајна, дива трка со испревртеното време.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Во слободно време ги носеше на кино, на циркус, на капење во базен, во зоолошка градина, на коњски трки, на фудбалски натпревари; и кога шетаа, за едната рака го држеше мајка им, а за другата тие.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Тој за трки не е, покрај сиот копнеж, на кучешко влакно слепо ќе се сопне.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Како резултат на реториката на Студената војна и трката во вооружување Мецгер ги прочистува дијалектичките аспекти на својата теорија проширувајќи ја Авто-Деструкциската уметност во Авто-Креативна уметност и брусејќи ѝ ја идеолошката димензија.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Беше тоа ноќта кога се одржуваше Трката со чамци - ужасно груби умееја да станат во ноќите на натпреварите во веслање - и јас се удрив во еден млад човек на авенијата Шафтсбери.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Девојката ги прескокна лесно лавовите во подножјето на споменикот и се придружи во трката. Винстон го стори истото.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Жителите на овие региони, сведени помалку или повеќе отворено на робови, постојано преминуваат од еден освојувач под друг, и се трошат исто како јагленот и нафтата во трката за производство на повеќе оружје, за да се заземат повеќе територии, за да се контролира повеќе работна сила, за таа да произведува повеќе оружје, со кое ќе се заземат повеќе територии и сѐ така во недоглед.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
И, отидовме на Зајачки Рид: газдата на Земанек (многу ме повредуваше тогаш тоа што тој, Земанек, самиот го именуваше не по име, туку како газдата) беше фалбаџија и ние моравме да ги слушаме неговите самопогалби; ни ги раскажа сите трки во кои учествувал и сите свои успеси кај жените по трките.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Земанек почна сѐ почесто да заминува со него на тие трки, а го придружуваше и на тренинзите.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Тренинзите и трките се одвиваа на еден рид близу градот, што сите го викавме Зајачки Рид, не затоа што таму имаше зајаци, туку затоа што ноќе таму се состануваа љубовни парови и водеа љубов по автомобили, на брзина.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Екологијата е секогаш и секаде актуелна тема, составен дел на животот, маратонска трка...
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Во мене се раѓаше нова мисла - каде ќе бидам пополезен и поуспешен во исполнувањето на Ататурковата мисија: дали ако останам во Цариград и ако се впуштам во брзата трка по хиерархијата на судската власт, или ако се вратам на Балканот, кај своите.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Неговата трка, неговата смачканост, останува надвор од нејзиниот (и наш) видокруг, надвор од нејзиниот (и наш) интерес.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Како во некоја страшно изедначена трка на 100 или 200 метри, кога фото-финишот решава кој ќе биде шампон.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Повеќе