трепкач (м.)
„Ова е за палење светло - фарови. Ова - трепкач. Тука е гас, куплунг, сопирачка. Ножна, се разбира. А рачната сопирачка е тука. Сево ова го научив вчера попладне. “ Лицето му беше збруштено.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
„Супер! Ќе си запалиме вистински свеќички, а не електрични трепкачи на елката!“ важно извика Мими, си стави една сребрена гирланда в коси и започна да дели подароци: за дедо и баба топли пантофли, за тато вратоврска, за мама цветен шал, за Влатко и Мими - најмногу - баба Мирјана сплела џемперчиња, мама и тато одбрале интересни книги и новогодишни фигурички од чоколада.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Травар не е, не сум јас таа среќа, повеќе е трепкач засрамен од сам себе.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Кој може кога врне и бришачите одат лево-десно да даде лев трепкач, да сврти лево без да го допре тротоарот, од трета да врати во втора по пропис... и сѐ тоа ОДЕДНАШ... Ни таксист!
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)