траекторија (ж.)
Не е тоа толку тешко да се објасни но за време на самото играње имате впечаток на борба на слепо, имате впечаток на треперлива колоидална течност во која секоја насока го издига дрвото на непредвидливата траекторија.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Аплаузот на почетокот на својата траекторија зборува за оној кој го дава, а потоа само за оној кој го прима.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Малку чувствував тешкотија, поради тоа што требаше да најдам нов правец и да предвидам нова траекторија по која ќе ја градам мојата иднина.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)