трагичен прид.

трагичен (прид.)

Во неговата душа се сплеткуваат трагичното и смешното. И меѓу нив граница нема.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Треба да се расплетка оној трагичен јазол во кој беше стегната неговата свест.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Во минути на смирување, кога спокојното размислување го потиснуваше трагичното чувство на безизлезност, Арсо се враќаше кон напрежните свои убедувања дека вистинската смисла на човечкото живеење е во непрекинливата акција, во непреодливата волја на човекот да дејствува.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Писателот во овој роман за македонската легенда, го проследува детството и младоста, школувањето и вклучувањето во организираната борба на македонскиот народ за изборување на сопствените национални и социјални права и слободи, за создавање на своја сопствена држава, сѐ до трагичната погибија.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Налик на непристрасен наратор, застанувајќи над и надвор од раскажуваниот настан, тој всушност, за време на сета сторија, сугерира дека е внатре, дека е вознемирениот глас на една неправедна војна, на една апсурдна и трагична војна...
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
—Не сакам да ми помагаш, море, токо да не те лаже ѓаволот да ме издадиш, та за помагање нема што да ми помагаш ти мене, кога ни сам не можиш да се поможиш, — му одговори остро Толе и пак го нападна што беше причина баш тој — Бешот — Толе да влезе во Организацијата и да земе учество во борбата, која по трагичниот свршеток се претвори во црни резилаци и срамови, од кои еден дел и Толета го притискаа.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Стануваше сѐ потешко да се излаже за трагичната вистина, која секој од нас се обидуваше, не да ја заборави, ами барем да не мисли постојано на неа и да не боледува.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Во тој момент знаев дека чувството кон таа друга мајка со ништо не го повредува чувството, љубовта кон мајката што не беше родила и што на така трагичен начин ја загубивме.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Срцето ѝ се стегнало кога за трагичната вест, за смртта на таа своја другарка прочитала и во весник.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Со скокотливи мравки во грлата, движења на топлина што измамува и ги распливнува трагичните мисли за крајот на животот, најстарите се погледнувале со надеж.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Оттука метафоричната преобразба, семантичката метафора Време на козите, значи метафора на човековата трагична судбина...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Козарите потем бараа од Чанга да им прикажува за козата на Сеген, зашто засекогаш останаа засегнати од нејзината трагична судбина.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Мариза Кербези, книжевен теоретичар и историчар од Универзитетот „Александар Моисиу“ од Драч Романот Времето на козите претставува парабола на балканската судбина, вистинска метафора од времето на Федеративна Народна Република Југославија, пренесена преку детето – наратор, кој истовремено ја раскажува и трагичната судбина на Балканскиот Полуостров.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Елена, како и Невестата, е вплеткана во една инцестуозна врска (поточно, станува збор за двоен инцест: прво со едниот од своите браќа, а потоа со Дејфоб, братот на својот прв маж); ќе ја доживее истата трагична смрт (била обесена); поистоветувана е со дрво (на Родос, Елена е почитувана под името Дендритис - божица на дрвјата): и Невестата, според зборовите на Duchamp, е “како дрво”.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Оттука не ни е веќе тешко да заклучиме дека во овие филмови вистинскиот трагичен јунак е остарениот, галантен, но „виновен”, „негативен” татковски лик - мора до крај да бидеме заслепени со холивудската идеологија (што Хичкок тука успешно ја минира), ако не забележиме дека и Дописникот и Озлогласената се изградени на контрастот меѓу „негативниот јунак”, кој е во суштина единствената човечки привлечна личност, и „позитивниот јунак”, кој е сосема банален лик - а во тој контраст секако не ни е тешко да ги препознаеме спротивностите меѓу поединецот на „автономната” етика и „хетерономниот”, „кон другите насочен” поединец.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Ќе речете - Грци. На трагичните Грци им се чинеше дека разговараат боговите... Да, секако...
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Тој е автор на трагичната фарса во која силата на потсмевот постигнува многу повеќе од отворениот револт.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Медицинскиот џип се доближи до самата граница, како последна жива закана, како трагичен епилог од сцена­риото на живата драма во која јас бев единствениот лик.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
И еве сега „Фајар” во Париз ја објавува и третата книга на Луан Старова романот Атеистички музеј, (Le musée de l` athéisme), во кој авторот ни претставува еден трагичен запис за неколкуте пеколни денови од патувањето во пролетта 1979 година во Албанија на Енвер Хоџа, кога сакал да ја види својата родна земја, тогаш сѐ уште во јаремот на сталинистичката ортодоксија.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Силата брзо ми ја враќаше сознанието дека се враќав скршен, но недокршен од родната земја и од Атеистичкиот музеј во Скадар за еден ден да сведочам за неговото трагично постоење...
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Повеќе