тост (м.)
Се истуширав и мајка ми ми приготви лепчиња печени на тостер со путер и кашкавал во средината, што јас и Бреза ги нарекувавме „Како Тони тост“.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
„Сакаш тост?“ Стисна едно копче и масата за појадок ми приготви четири златнокостенливи парчиња.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Кога се симнав, Тате појадуваше, џвакајќи тост.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Ако само малку се концентрираше, на сликите можеше да им додаде и звуци и мириси, цела атмосфера: крцкање на летен песок и слатка врелина под нозете, тазе испеглана постелнина, Нивеа, печени тостови со кулен и млечен намаз, здив после ќебапи, куп искористени кондоми и кучешки лаеж.
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)
Рози испи два филџана кафе со тост и џем и излезе надвор во градината да ја бара Кети.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Четирите парчиња од крцкавиот тост, за кои тој знаеше дека беа потпечени во нивниот хромиран тостер, кој автоматски ги исфрлаше парчињата тост и што го доби од сестра му Зоја како свадбен подарок, содржеа четири одвоени неверства.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)