тостер (м.)
Се истуширав и мајка ми ми приготви лепчиња печени на тостер со путер и кашкавал во средината, што јас и Бреза ги нарекувавме „Како Тони тост“.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Детето си замислува супермоќни компјутери, не поголеми од тостер во домаќинствата низ цела Америка.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Четирите парчиња од крцкавиот тост, за кои тој знаеше дека беа потпечени во нивниот хромиран тостер, кој автоматски ги исфрлаше парчињата тост и што го доби од сестра му Зоја како свадбен подарок, содржеа четири одвоени неверства.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)