торзо ср.

торзо (ср.)

На една, четворица пијат кафе, - тројца наместени за сликање со укочени торза и збунети полунасмевки.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Останав да стојам без движење и без сили да се соочам со тајната што можела да му биде позната на некој веќе покоен чиј живот можел да има значење токму заради она што било и што е во него; куп безвредни книжни пари со восочен лик на некој монарх, записи и стари писма, чеиз и неразделиплен невестински фустан, секира на злосторство, фајанс, сребро, часовник со мртво време во механизмот, некаков пергамент, ферман акт на судбина, библија под черупка за клетва на непознати заговорници, ограбени тасови и кандила од наш западен манстир, суво ерусалимско свето дрвце, зографски платна, книги, алати, ископано, камено торзо од Стоби, шандани, присокриено брашно во некоја гладна година, мошти на лажен светец, трговски тефтери, бројници, ретки ткаенини, поскурници и дрвени распетија, беговски појас под јатаган, билје, мелеми, збирка на инсекти, коски, гниеж и претчувства, една невидена и невидлива магија, но таа, во допир со живиот свет, ќе го изгуби значењето и ќе не осиромаши за една загатливост.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Се појавуваат флешови на Хитлер и Сталин, инсекти и носорози, The Wild Bunch i Midnight Ex- press експлодираат на прозорецот од мотелската соба додека двајцата водат љубов пред заложникот.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Третиот шпион, огромниот акустичен лавиринт, со помош на едно торзо звуците ги носи до самиот тиранин.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Како што ги отвори очите, така пред себе, седната на еден стол крај масите отспротива, ја здогледа Елефтерија и, вертикално со нејзиното исправено торзо, дебелиот сиџим чад што малку десно од нејзиното теме се ширеше хоризонтално поставено облаче.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Таа расмеаност, во моментот кога им сретнаа и скоро заварија погледите еден во друг меѓусебно продирајќи се, особено откако и тој просто ѝ се израдува, таа нејзина расмеаност како да црпеше сок од некаде длабоко во нејзиното торзо.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Брзина на светлината - Cour carré - Како што затвореник излегува на прошетка под надзор, сам и молкум да се насладува горко на дневната светлост инаку обична, тогаш света; како што несвесното си го подава грбот на есенското сонце да се згрее а лицето да остане темно, како Месечина од онаа страна на видливото; како што затрупаниот бунар посесивно и со мака ги чува подземните води усовршувајќи ја мајсторијата да ги заташкува трагите и да создава привид на секнат извор; како што квадратот е круг, и крст и триаголник, удвоен симетрично и синхронично; како што жената си краде од сонот за да добие време за да биде „нешто повеќе"; како што нема добивка ако нема загуба како што нема сенка ако нема предмет ; како што медитацијата бара отсутност при подотворена свест за светот и душа а енергијата е материја помножена со брзината на светлината на квадрат - така дворот врамен со ѕидини желно кон небото над Лувр зинува се простира префинето како акт на Роден или можеби на сестра му, Камила со намера да го покаже замислениот ерос на торзото видено одзади метатеза на тихоста манастирска и метрополска; - така стихијно надоаѓа тихиот дожд желбата да бидам во средиштето на симетријата бесконечен и рамнодушен број ослободена од суета, од неразумно самољубие зашеметена од ненадејната рамнотежа на крстот, на квадратот, на кругот и да се успокојам, ако веќе морам оти со толку тревоги од различно потекло добивам порив да излезам од себеси а потоа како ќе се сложам и составам во едно, знам ли?
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Гледаме карши во чардакот на комшиката Џун, скриена под ниската настрешница, којашто ѝ го покрива торзото до деветто колено.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Иако промени неколку кројачи, а помеѓу нив и најпознатите од Стара чаршија, нему не му појде од рака да стрефи мајстор кој ќе му сошие сако што ќе ја прекрие чудната форма на неговиот граден кош и ќе го поништи впечатокот дека неговото торзо е градено врз скелет од голема птичја кобилица.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Витото торзо ѝ беше во хармонија со останатиот дел од фигурата, но градите можеа повеќе да ѝ одговараат на некоја појадра женска фигура.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Можеби тоа несовршено палто на Поетот нема задача да го прикрие неговото торзо од птичја кобилица.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Префинетиот сенс во моето чекорење, мистериозната сенка на моето торзо, се само склоп на есенцијата во центарот на мојата таинственост.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
8.3 Ќе ме најдат во непознат град, Ќе ме составуваат дел по дел И пак ќе бидам Торзо.
„Век за самување“ од Веле Смилевски (2012)
Торзото на Рада под проѕирната ноќница сјаеше со алабастерска белина.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)