торба (ж.)
Слушајте, девојки! Та изм'кна из торба си - страх ме е да кажем. Нек ви кажам!
„Крвава кошула“
од Рајко Жинзифов
(1870)
И кажи ми што ти носиш в од козина торба? Дали суха од хлеб кора и лејка за вода? * *
„Крвава кошула“
од Рајко Жинзифов
(1870)
Нарамена стара баба с од козина торба.
„Крвава кошула“
од Рајко Жинзифов
(1870)
(Сите групи се здружуваат во една. Секој вади од торбата по нешто за јадење. Додека се поткрепуваат оддалеку се слуша меката и болна мелодија на кавал).
„Печалбари“
од Антон Панов
(1936)
И што друго можел? Или со пушка во гора или со торба на печалба.
„Печалбари“
од Антон Панов
(1936)
Тебе повеќе ти тежи торбата. Те запусти Јордан...
„Печалбари“
од Антон Панов
(1936)
ДЕПА: А! прав како јаже в торба!
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
МАРА: Еве, овој куферов, торбава со леб и јорганов.
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
КОТЕ: Дај му ти неколку низалки од овие на Анѓелина, наполни му една торба, инаку не се печалат пари...
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
Човек се наведнал над сандакот со брашно, црпе го грстови и полни торба.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Таа кришум му доаѓаше на широчината со плашливо обѕирање вадеше од својата торба јадење.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Ги собраа со Петрета и Кулета јајцата и поскурите, им даде и ним по дееетина дваесет јајца, по две-три поскури и му ја нарами торбата на Петрета да ја однесе кај него, оти толку беше „лесна“ та сам, така стар, не можеше да ја однесе.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Си ги зедоа торбите со по некое залавче од погачите и си отидоа.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Митра вели: „Може да не чинат за литургиа, токо пак надробете и со дедот поп за навора или клај му и во торбата, лека си касне, стар човек е“.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Откако ручаа, Трајанка, единственото девојче што веќе неколку години другаруваше со нив и во ништо не беше подолу од ниедно од децата, го изваде од торбата шишето што утрината случајно го понесе.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Онака како што бев клекнат пред старите што беа наседнати на гредата пред задругата, ја прибрав торбата со книгите и сиот станав уво.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Молчи. Сигурна е во себе зашто ја научиле за одбрана пребрзо да извлече од ученичката торба пиштол и да пука во месо.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Гледаш ли? Како никогаш и да не доаѓала. Не се ведам да ја отворам нејзината торба. А и зошто?
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Бабичката ја зема торбата и вади од неа волнени чорапи.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
И префлајќи ја војничката торба преку рамо, појде пред него нишајќи се со широките плешки како да се пробива низ сплет од гранки.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)