топуз (м.)
Но има неколку години како се припрати, со бројна дружина составена од Турци и ѓакони вооружени со пиштоли, со топузи и со крстови, прилепскиот грчки поп, некојси Хаџи Ташку, Влав, и се натура тој да ги врши обредните работи и околу Водокрстот и околу сите празници во Потковицата - така било од памтивек, вели, сите работи во врска со христијанската вера во Потковицата ги вршеле грчки попови и на грчки јазик.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Бараа Герасим од Побожјане да раскажува за царски синови и старовремски левенти што со топузи кршеле ѓаволски рогови и прескокнувале со долгоноги бегири огнени реки.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Се спушта од небото со златен топуз в раце, гласот му татни со силина на седум громови.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Со чувство на вина што не се простува, ноќта се распаѓала на резенки и претставувала уште само сенка на ридови и на ритчиња, премногу косопасни и соголени од чифлигџии и селски копуци за да минат запрегите низ шума или да се присокријат негде призраците на Самоиловата коњица, или на Крум или на Душан, или на кој и да е војувач на ова парче земја чиј народец го проретчувал кој како ќе стаса, најпосле врз неговата тиква да се струполи и топузот на Бајазитовите потомци, тој топуз да ги потурчува каменот, земјата и човекот со тапија потпишана одлево надесно и да граба од 'ржена слама машки деца - подоцна под сабјата на младите јаничари да дојде понекогаш родниот брат или татко, ни колачот ни закланиот да не знаат дека крвта пролеала своја крв.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
- Со тешкиве весла, - се соголија до самите катници зелените заби. – Ако ви е помило, тоа можеме да го сториме и со топузи.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
ХЕРЦОГ: На здравје. Секогаш кога вака самозадоволно наздравувам чекам некој да ми пријде од зад грб и да ми ја скрши тиквата со топузина.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)