топење (ср.)
Студот што може да настапи ќе го стегне, ќе го одложи неговото топење.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Едниот можел да му биде одраз на другиот, два глечера од кои, по топењето, земјата меѓу нив се закитува со рубинени боболки, капки на бол и мачење достојни и за најкрвава царска круна од времето на Римјаните и подоцна на Словените до последниот султан во чие царство луѓето биле бесени на железни куки или гаснеле забуцувани на кол.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Со пролетта со топењето на снеговите, со живнувањето на природата, и луѓето стануваа посмели, покатегорични, поиницијативни, се разбира, колку што овозможуваше партијата.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Идевме во светот на овие книги и на нивниот господар на несетно топење и исчезнување на нашите илузии и вознеси, со кои во спротивно ќе застраневме и ќе се судревме со балканската калдрма.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
„Еве, интересно - Дојранското Езеро расте по топење на снегови и изобилни врнежи во земјата - Можно покачување на водостојот уште за 40 сантиметри - Најголемо покачување од еколошката катастрофа на Дојранското Езеро.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Збор ваму, збор таму, топење на тагата со две три бокалчиња жолта во кафеана...
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
Во голем котел, од оние за топење свинско сало - врие планински чај. Над котелот се издига пареа и шири мирудија.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)