толпа (ж.)
На Сарафов не му сочувствуваа бугарската влада и кнезот, со други зборови: Комитетот, на којшто му претседателствуваше Сарафов, по македонското прашање се придржуваше според една таква програма, тогаш за тогаш само политичка, изработена уште од понапред, на која не ѝ сочувствуваа оние што се повикани да ги бранат бугарските интереси, ами сочувствуваа оние што ја составуваа толпата, со други зборови, бугарскиот народ.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Во толпата сите личеа еден на друг, тие сиви оловни војничиња од агол на некоја детска соба.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Но војниците го задржаа бесниот налет на раздразнетата толпа, и ги одведоа врзаните бунтовници пред кадилакот.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Со пушки, пиштоли, јатагани, секири и друго оружје, па и камења паднаа на селаните со бесни викотници. – Удри, коли, сечи, тепај! – се слушаше од побеснетата толпа.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Се сретнаа недалеку од наредените црвени автобуси опседнати од шаренолика толпа и застанаа еден наспроти друг, со испитувачки погледи и затворени секој во себе. „Па здраво“, зачекори кон него Отец Симеон, гаменски исправен и со забуцани раце во длабоките џебови.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
„Јас ќе ја отворам!“ - рече убавата Лила, ја зеде чантата ја отвори, го извлече Првото читање и го фрли во разбеснетата толпа.
„Градинче“
од Бистрица Миркуловска
(1962)
Толпа луѓе се меткаа по плажата, гледаа во морето, немоќно кршејќи ги прстите, додека други ги вртеа грбовите кон морето за да не го видат неизбежниот крај на давеникот.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Најпосле војската се собра во толпа на отстојание пред непријателските војници кои преплашено, стегнати еден во друг се држеа еден со друг цврсто прегрнати.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Старецот и младата жена ги снема во толпата од млади шетачи во улиците на „Сан Мишел“.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Овде се туркаа и влегуваа само млади луѓе. Со една толпа младинци влегов и јас.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
На фотографијата толпа што зјапи. Исправни умови.
„Младиот мајстор на играта“
од Александар Прокопиев
(1983)
Ние бевме една тажна толпа гладни и нечисти деца, бездомни.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Се собравме, ама не се построивме. Чекавме во толпа.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Со нем поглед и со симнати црни шамии се збогуваат со оние што одат на бој, а потоа толпата, забрадена со црни шамии, се разбранува и полека кинисува удолу.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Фрлен на ѕидот, додека пред него минуваа исклештени карневалски маски, се стресе од оној непријатен грч во стомакот што секогаш го напаѓаше од реата на толпата.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
По презривите погледи на шаховската толпа, се тетеравам, на работ од бездната, се наведнувам, паѓам, дрвена фигура, испадната од играта.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
Ја носеше истата горчливост и презир кон толпата.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
Салото под елекот закитен со тежок сребрен синџир му се бранувало од задоволство додека ја гледал толпата обземена од тапа љубопитност, пред секакво чудо и сите што му биле и што ветувале дека ќе му станат купувачи на басма, шајак и јамболии можеле да се восхитуваат и да му се чудат - коњот пиел вино од поило и по команда се исправил на задните нозе.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Се надева и стенка целата толпа.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
И после забучи, се разбранува толпата, ништо не се разодбира.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)