тиска несв.
тисканица ж.

тиска (несв.)

Зар не се Македонците што се на служба или кандидати за служба тие што го изопачуваа меѓу населението во Македонија значењето на руските владини постапки и ги толкуваат пред него стамболовски и го тискаа да востане, против советите на Русија за благоразумност?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Поитајте, тискајте се засолнете една грутка Србија - една историја маштина!
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Поитајте, тискајте се се крена веков в земи не ќе остане грутка Србин да оштени!
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Долгнавест муаџир со бербатна чалма несмасно навиткана, длабоко изгравиран со дебели нечисти брчки и со очи толку вдлабени во главата, та личеа на дупки во коишто одвреме-навреме проблеснуваа само белките, со лице исушено, глуждесто и аглесто, пушташе необични лаги, та оние што се тискаа околу него самодоверливо потврдуваа со главите или со поглед, верувајќи или сакајќи да веруваат во тоа што беше само убава измислица и мечта.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Го закопа своето рамо меѓу рамењата што се допираа, се тискаа и се одвојуваа.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Арсо се тискаше во карпата. - Долу има јаже, - се јави пак гласот.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Сите се тискаат кон средината, а од многу луѓе не се гледа што има таму.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Во автомобилот без покрив дождот врнеше на него и на петте млади жени, кои толку се тискаа што не можеа ни да се помрднат.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Кругот од деца се тискаше околу Минк, додека таа ѝ се муртеше на својата рачна изработка од лажици и своевидниот квадратест апарат од чекани и цевки. „Овде, па овде“, мрмореше Минк.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Сите се тискаат кон средината, а од многу луѓе не се гледа што има таму. Си стоиме со Весна настрана, чекаме.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Кога времето беше жешко, освен како денешното готвење, што се вршеше на големиот шпорет на гас, храната, што се земаше од визбата или се донесуваше од бавчите, се подготвуваше овде надвор, на терасата и се јадеше на масата што беше обложена со дабово дрво, на која дваесетина луѓе можеа да јадат без да се тискаат.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)