тиквичка (ж.)
Токо, ете, вака, кога грашок, кога леќичка, тиквичка, пиперчички, расолец — дури да си го заколиме гуцето.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
- И ние бегаме, продолжува Бошко, и од нивниот глас бегаме, вели, и од сенката нивна бегаме, а сонцето пржи, вели, и земјата се витка како тиквинка.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Жив карфиол, живи брокули, живи тиквички, бабури на шлајфни у сите бои на виножитито, патлиџанценца, гранки од жив целер...
„Тибам штркот“
од Зоран Спасов Sоф
(2008)
Се чинеше како да беше вчера, кога тиквичките и краставиците беа нежни ливчиња што ѕиркаа низ кората на земјата за да излезат на сончевата светлина.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Во својата работилница складираше жолти тикви, пругави тиквички и лејки зашто уживаше да гледа во нив додека работеше.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Салати прво, после грашок, после тиквички, после боранија, после пченка, после пиперки и домати.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)