течение (ср.)
Во бучавиот Келн пристигнавме по течението на Рајна, која е овде уште поширока и целата испресечена со мостови, кои ги врзуваат двата дела на градот.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Секое гребење во тишината не само што јасно го наслушувавме туку и појасно го толкувавме отколку изразот на течението на реката.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
NSK статусот на држава не ѝ го дава на ниедна територија туку на умот чиишто граници се во состојба на постојано течение, во склад со движењата и промените на неговото симболичко и физичко колективно тело.n Маргина 36 155
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Станав свесен, дека сега ние живеевме во два различни света, јас во мојот свет на маказарските белутраци и ендеци, свет на луѓе на кои не можев докрај да им влезам во душевната трага, свет на сеќавања и на обид да се дофати течението на времето и на судбините во него, додека нејзиниот свет беше свет на главниот град, на секојдневното одење-идење на работа во Центарот, на пробивањето меѓу автомобилите наутро, на ситните и покрупните злоби и зависти, на студијата за проблемот на власта која требаше дефинитивно да се напише, на борбата со тој проблем како со личен проблем или на повременото уживање во музиката на големите концерти, кои таа ги сакаше.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Всушност, малкумина знаеле дека покрај улавите води на природата, некои се обидуваат да направат течение на духовен немир.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
По цел ден нешто делкаше, црташе, ги испишуваше видовите камен или го набљудуваше течението на правецот на Жепа.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Меѓутоа има многу идилична местоположба во центарот на градот и гледа директно преку главната улица кон течението на Крива Река.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)