тетерави (несв.)
Анџијата промрморе нешто незадоволно и, смуртен, стана тетеравејќи се, како да беше пијан.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Тој е блед и задишан. Одвај стои на нозете. Се тетерави. Само што не паднал.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
- Ги повтори тој два-три пати последните зборови и полека тетеравејќи се, стана.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Чуварот се тетеравеше по нив.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Во замраченоста се тетеравеа вкочането затворениците.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Остави ја нека тетерави додека не ја изеде лав.
„Сенката на Карамба Барамба“
од Славко Јаневски
(1967)
Ја качивме со мака на магарето. Патот надолу е нерамен и дупчест, па магарето како клацкалица ниша со главата и се тетерави под тежината на претешкиот товар.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
И така, една ноќ спроти Вртолум, кога ја испија со Лоте, и со ветеринарот Скрез и последната чаша за длабок сон, и кога излегоа надвор да си одат, Бандо чу како некој со копач му удира на ѕидот од куќата; на Бандо му мина гром низ телото, му удри крвта в глава и повторно му се врати оној некогашен страв во него; срипа како ѕверка; ја грабна пушката и излета во мракот надвор; свика кон сенките што се тетеравеа крај куќата и пукна; некој офна и падна; стрчна жена му од Бандо, стрчнаа соседите и ги поткасаа бузите: го видоа Лото струполен крај ѕидот; го кренаа и побрзаа да му ја запрат крвта.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
кога ќе испуштаат душа - кожата им продолжува и понатаму да им поигрува, да се тресе, како под неа да јураат ситни бубачиња со голема брзина; другите ајвани, пак, коњите, магарињата, маските, ждребињата: пред да паднат, да се стропачат на земјата, се тетерават à наваму à натаму како пијани, како бунило или треска да ги зафатило: одат па се повраќаат, тргнуваат кон една страна, кон друга, се завртуваат во круг, и како пред нив да се отвора голема бездна, ги опнуваат нозете во земјата, се потргнуваат газум-газум и паѓаат; кога ќе треснат на земјата, продолжуваат со главата да мавтаат на сите страни како да сакаат да скинат некој невидлив оглав со кој се врзани, и удираат со предните нозе, гребат по земјата и, чиниш, си копаат гроб или кинат нешто што ги сопина; испуштаат душа со подзината уста, со искривена муцка, со пуштен јазик, со очи смигнати или отворени и рогливо извртени; над нив се собираат сите птици, сите кучиња од селото; дрпаат и завиваат; луѓето ги слушаат, се ежават и ги колнат: главата да си ја изедете!
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
- Какво, бре, писмо, ми вели Јон и се тетерави пред мене.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
баму ја, седиме така во темницата и се плачеме, сакаме да го подзапреме времето, да се оддалечиме од смртта што нѐ чека, јас веќе си ја гледам мршата како ја раскопуваат дождови, како скапувам и се смалувам, се гледам пред себе си, така, како своја слика да држам в раце, само Силе Плевнеш грчи во ќошот, бичи некои глуждови трупци, ама времето кој го запрел досега, го запирале царови, кралови, тепачи, арамии, врачари и јаки луѓе и никој не останал со него и како што седам така, оп - се обзорува, некоја бесшумна светлинка ни влегува на прсти во собата и со светлината влегуваат и војници, оф мори мајко, ајде вика старшијата, Силе Плевнеш уште грчи и старшијата го клоцнува в слабина и овој рипнува, си ги брише слинките околу устата, сакате поп да ве исповеда, јас не сакам, вели Силе Плевнеш, и без поп господ ќе дознае за нас, знае тој дека на правина нѐ земате на душа и после нѐ поредуваат во дворот пред затворот, а Стеван Докуз пак приплакува, ги покрива очите, што ќе му правиш: тој ти е другар во несреќата, „пријателот ти е роднина кого самиот си го одбираш“ велеше Лазор Ночески, а војниците чекаат со пушки пред нас и ете го дојде тој, офицерот, се тетерави 121
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
По презривите погледи на шаховската толпа, се тетеравам, на работ од бездната, се наведнувам, паѓам, дрвена фигура, испадната од играта.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
По неколку години лежење и зјапање во височина, туѓ меѓу свои, одамна веќе без родители и пријатели човекот најпосле станал и тетеравејќи се на ослабнатите нозе викнал -Сега знам како се лета!
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Се тетерави, чекорот му е тежок.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Се тетерави по стивнатото боиште Константин со товар на грбот, ѕвечаво бладање на човек пред свој крај, се судрува со грмушки и се сопнува на трупови. Збива и пцуе.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Нѐ гледаат како се тетеравиме, слегувајќи од камионот, и се чудат.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Спасиба, спасиба, повторувам и се тетеравам ко дете што проодува.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Сѐ повеќе се тетеравел со отворена уста и без здив (со секоја воздишка ножот самиот од себе подлабоко се забуцувал в месо) и со цели стапалки, тврдо, несмасно, удирал по земјата, врз која, божем таа се ниша под него, со повремени ширења на рацете се обидувал да сочува рамнотежа.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Од споредниот пат што подолу од свијок ќе се забуца во пролоканата стврднатост на царскиот друм, во неговата груба едноличност, се издвојувала врвица и, несигурно кршкајќи меѓу безимени грмушки со празни зајачки легала, се губела во дабов густеж во чија проредена 'рѓа се таложело мртво спокојство. По таа врвица се тетеравел Онисифор Проказник.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Го виделе: станал и се тетеравел кон некаква крива колиба зад манастирот со чекор како да ги извлекува козјите нозе од глекаво калиште додека мантијата, црно знаме на жив костур, и без ветар потрепетувала.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)