територијален прид.

територијален (прид.)

По тие политички сообразувања, и да има во Македонија чисто бугарско и само бугарско население, таа не ќе го допушти соединувањето меѓу турски и бугарски Бугари, таа не може да го допушти во своја штета нарушувањето на територијалната целост на Турција.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Навела дека уште во војната Сојузниците ветиле територијален интегритет; дека сето население во реонот е словенско, дека отаде границата, во Албанија, остануваат повеќе словенски села, отколку од оваа страна албански; дека манастирот е едно од најголемите словенски светилишта.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Технологиите прво го опремуваат територијалното, просторното тело со мостови, аквадукти, пруги, улици, аеродроми и сл.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Палестинците се „незгода” за Блискиот исток, а тие најголема важност му даваат на територијалното прашање.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Надворешниот образец (на пример експресивните квалитети на некоја територијална ознака) во тој случај може да биде препознаен од страна на животното, без да се формира експлицитен внатрешен симбол.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Во секој случај, се смета дека формирањето на домашна територија произлегува од внатрешен територијален нагон или инстинкт, со прецизна централна локација во мозокот.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Твојот пат е твојата светост.  Твојот пат сочинет од име и идентитет и другите подзаборавени потценети распродадени за туѓ ќеиф, по сопствена вина - доблести и добра сега и материјалните територијалните егзистенцијалните  сѐ за да бидеш и никој, и ништо и да се рассееш по светот БЕСТРАГА, НЕВРАТ ЏЕНЕМ, ПО ЃАВОЛИТЕ надвор од јазикот...  Но твојата трага - длабоко втисната тетоважа на светот - не е само твоја.  Не скршнувај од својот Дом народе мој!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Терминот ‘border’ обично се користи при дискутирањето за психолошките разлики и при потенцирањето на региони а не линии повлечени на географски карти. ‘Frontier’ генерално се однесува на територијалната експанзија на нациите или цивилизациите во дотогаш „празни“ области. ‘Border- land’ обично се смета дека означува регион во рамките на една држава што е под значително влијание на меѓународна граница.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
По дефиниција, лице без државјанство е она „кое не се смета 34 - конфликт на закони - трансфер на територија - закони за стапување во брак - административни практики - дискриминација - непостоење на регистрација при раѓање - одземање на државјанството од страна на државата - самоодрекување (кога лицето ја одбива заштитата од државата) - насилно раселување, особено кога е проследено со повторно исцртување на територијалните граници.39
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Како територијална инкарнација на внатре/надвор, границите го означуваат просторот до кој се протега политичката заедница.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Проширувањето на Србија кон Македонија и формирањето на заедничка граница меѓу Србија и Црна Гора го спречувале продорот на финансискиот капитал и го оневозможувале територијалното проширување на Австро-Унгарија во внатрешноста на Балканскиот Полуостров.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Може да предизвикаат нарушување на билатералните односи, може да значат загрозување на нашата територијална средина, да бидат опасни по нашиот идентитет.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Во меѓусебните распределби на територии ГОЛЕМИТЕ, пред сè, биле водени и раководени од своите економски интереси, политички цели, територијални аспирации, не водејќи сметка за интересите на „малите“ народи.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Во извештајот од 22 јануари 1945 година американскиот разузнавач ја запознава својата централа со македонските територијални прашања.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Во преговорите со балканските држави тие знаеле да ги искористат територијалните и националните интереси на одделни држави, со ветувања или со директно реализирање на нивните барања.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
На овие сили треба да се додадат девет баталјони на националната гарда, поголем број единици на жандармеријата и територијалната одбрана, а да не зборувам за военото воздухопловство, тенковите и борните коли што на сите нам добро ни е познато... за жал, ги немаме.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Татко замина за Цариград, кога во родниот Поградец работеше како преведувач во командата на Француската територијална управа, кој го презеде градот во почетокот на септември 1917 година од австро-бугарскиот окупатор.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)