темјанушка ж.

темјанушка (ж.)

Еден ден, додека ги решаваше своите домашни задачи, слушна: „Темјанушки! Темјанушки! Купете темјанушки
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
Од баба си побара пари, се стрча низ скалите и купи пет најубави темјанушки.
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
Истрча на балкон и виде: - долу, во длабочина, три ката под неа стоеше еден човек, а на рамо држеше плиток сандак преполнет со прекрасни, шарени темјанушки.
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
Низ тревата ѕиркаа темјанушки, се белееја малите главички на боливачот.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Откако ја собра сета убавина од него, се пресели кај меките кадифести темновиолетови темјанушки, која од која понежна и помиризлива....
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Дете на градите на мајката Загледано во ѕидот на куќата, Девојки скриени во житата со небесни цветови во косите, Црвена светлина што се слуша отаде петровденските камбани, Светулка скаменета на отворена книга во дворот, Коњ што фрчи низ ветерот над реката, Стар часовник што бие меѓу прозорецот и ноќта, Име врежано во каменот на соседот, Бела пеперутка што се буди во тревата, Жнеачка што му шепоти на плодот во неа, Девојка што се крие во душата на темјанушката, Старец што оре со погледот по мапата на татковината, Буква скриена меѓу црешите За да не може да се соопшти зборот што е неопходен, Победници што се плашат од пепелта на поразените, Денот на нејзиното раѓање – меѓу два глужда на црешата, Непрепознатлив глас што шета низ темнината, Младичи што којзнае Од која страна на времето заминаа, Пролетен ветер што тропа врз твојата песна И ти Што сакаш да ме прашаш Уште ли живееш спроти нас, Во пустиот дом на старичката?
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
А во тој венец понекогаш ја молевме да вплете маргаритка, јасминово цветче, темјанушка, кој како наоѓаше и нудеше.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Ја преполни куќата со цвеќиња–изобилство полско цвеќе, темјанушки, нарциси во вазните, зумбули, фикуси, филадентрони; кактуси во саксиите, дури палма и лимун чии прв жолт малечок плод го држеше на дланката како да се плашеше дека ќе исчезне.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Нему не му е срам вака гласно да се изразува пред жена ми која со китка цвеќе во раката чека гробарите да тргнат и да се поздрави со моето тело оставајќи ја таа китка бели темјанушки.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Оригиналното езотеричко значење на темјанушката и до денес е сочувано во жаргонскиот израз „pansy“, со кој се означува феминизиран маж или машки хомосексуалец (егзотерички пандан на езотеричниот хермафродит или андрогин).
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Невестата е изедначена со темјанушката, која, пак, од своја страна, изедначена со Ергенот го симболизира андрогинството. Невестата и Ергенот пак се едно.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Кога со своите подадени раце и со некоја темјанушка на усните меѓу уште подзарцвенетите обравчиња, куклата покани “Повелете“, од рацете на Дедо Мраз испопаѓаа јажињата.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
И темјанушките не ги расадувам. Прават грмушки, јадри се и мирисни како во шума.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
22 Мими трчаше пред сите, ја отвори влезната врата откај улицата кон градината и застана зачудена: темјанушки, нарциси, зумбули, лалиња...
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Живеат воздишки од крв, пламени јазици, уплашени коњи, руди во редок камен, елени што итаат кон север, зборови светли, улици свртени во темно, возови со лузни, темјанушки и оси во Книгата на смртта.
„Забранета книга“ од Веле Смилевски (2011)
- Мајчице мила, еве го доаѓа - китка темјанушки ми подава... венче ќе си сплетам... коси ќе ми расплете... самовилски танец ќе му заиграм...
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
- Оф, леле, Ѕвездо моја, темјанушката веќе свенала...
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Кога довтаса до Самовилската ливада си скина само една темјанушка - со неа да разговара, солза да капне врз цветенцето планинско.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)