тематски прид.

тематски (прид.)

Оставајќи ги на страна неколкуте текстови што несомнено дивергираат од основната концепција на двете книги останува да забележиме дека и првата и втората „Пасквелија“ со најдоброто во себе претставуваат единствен идејно- тематски и стилско- естетски блок во кој хронолошки се открива животописот на Пасквелската долина сѐ до наши денови: од приказот на првите мали јунаци од типот на Огулиновци, преку војната, до виорот на револуцијата и големите промени што таа ги внесува во животот на пасквелчаните.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Третата тематска идеја што произлегува од оваа книга, значајна за западноевропскиот читател, е во тоа што овој роман овозможува да се види и едно минато, таинствено лице на Балканот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Првите неколку броја ќе бидат конципирани како тематски блокови.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Со тоа женскиот лик го помага тој саркастичен удар на Гринавеј како една целисходно изведена доследност на тематски опсесии што континуирано ја проникнуваат неговата работа.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Во намера да ја оствари оваа цел, изложбата не беше презентирана во линеарен, хронолошки манир, туку беше поделена на тематски сектори.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Како и изложбата, и каталогот е тематски организиран (наместо хронолошки).
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
За секој љубовник имаше посебна тематска песна со рефрени кои го палеа љубовникот и го доведуваа до завршно сладострастие.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Мноштво од тие цртички е составено врз основа на критериумот на тематска сличност или стилска блискост; некаде се следи и хронолошкиот редослед на настаните или на настанувањето на „отпечатоците на хартијата“.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Еден од поводите да го направиме овој мал тематски блок беше и овогодишната Летна школа на архитектите што се одржува во манастирот Јоаким Осоговски.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
За некои автори, пак, застапени во овој избор, би можеле да речеме дека целокупниот книжевен опус им е врзан за урбаниот сензибилитет, па во таа смисла се забележува извесна доследност во нивната тематска преокупација како книжевни творци.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
ВОРХОЛ ВО МАРГИНА Во овој број Маргина ја почнува серијата тематски блокови за најконтраверзната личност во последниве триесетина години, човекот кој длабоко го промени мислењето за уметноста воопшто, разбрана како творење или восприемање, сеедно.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
И самата негова библиотека, на крајот, требаше да заврши како лавиринт со повеќе крстопати, односно тематски насочени книги, според единствениот татков распоред, кон нашиот излез.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Реалистички прецизната, избрусена реченица од андриќевска провиниенција се препознава и на семантичкото ниво на Бунар во кој тематски и стилски се мешаат одгласите на Селимовиќевиот Дервиш и смрт и Андриќевата Проклета авлија.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Андриќевиот и Селимовиќевиот онтолошки хоризонт е препознатлив во тематскиот корпус на романот: единката и заедницата, човекот и историјата, индивидуата и политиката етичкото и психолошкото димензионирање на ликовите во поширок контекст во кој архетипското проблеснува под романескниот дискурс.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Требаше да ја откривам тајната на присуството на секоја книга, на секоја белешка, на секоја тематска група од книги, низ нова книга, која требаше да ме донесе до тесниот премин на времето преку кој се остваруваше враќањето.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Тоа е четвороспратна поставка која треба да возбуди и да раздразни, работена е по принципот на тематските паркови со тоа што во ова здание темата е прогонот, стравот, исчезнувањето, теророт, логорот, смртта.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Тоа во овој тематски парк на холокаустот се прави на еден особен начин, потсетувајќи на бившиот живот.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Тоа е тематски парк на кој за ужасот на масовното уништување, на потполното исчезнување, на геноцидното согорување, на холокаустот на припадници на цели социјални групи: Евреи, припадници на речиси сите словенски нации, Роми, Синти, хомосекусалци, комунисти, анархисти, јеховини сведоци, слободни ѕидари...
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Комбинацијата од шопинг и комодифицирана рекреација во суперпродавниците и тематските трговски центри создава различни облици на псевдо-јавни места.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Симон Дракул, Ташко Георгиевски, Ката Мисиркова, Петар Ширилов, Божин Павловски, Димитар Башевски, Трајан Петровски, Живко Чинго, и сите други неспоменати овде, кои го следеа во нашата литература тој процес, сите тие горчливи австралиски патеписи, сите тие кенгурски скокови и вестаустовски стории, сите тие вагони врз глувите колосеци што чекаа да не однесат безнадежно кон некои рамни земји и далечни континенти, сите тие литературни зафати во современата наша литература како да се продолжеток на една тематска врвица што ја започна Стојан Христов во литературата со евидентен успех.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Повеќе