тежок прид.

тежок (прид.)

А грешните ќе да останат на земља, темни, гнасни, и грозни, и страшнии, и тешки како олово.
„Избор“ од Јоаким Крчовски (1814)
Го поткрена Неда мртовецот, — тешкиот товар во мајчина прегратка лесен . ..
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Со опашан,тежок меч често те гледав да шеташ, пламено нешто шепнејќи.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Пискотници се слушаат од Галичник до Река, што тешка несреќа ги збра и мажите, и жените, та гласи тажна ека и навева сал коб и зла?
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
А што пеит? Кого славит, Издихајќи с тежок стон? И за што он срце давит? Да разбудит нас от сон.
„Пeсни“ од Рајко Жинзифов (1863)
Не рачил е мрсниј Турчин кашти ни да газит, он не можеше да љубите 6'лгарски девојки, не е мог'л да ги турчит, в свој харем да држит, да не могат да излезат испод тежок затвор, да не видат свет ми божиј, ни па се'лнце јасно...
„Крвава кошула“ од Рајко Жинзифов (1870)
Тешка ти година, бабо, немаш вече сина!
„Крвава кошула“ од Рајко Жинзифов (1870)
Ја го гледах, ја го вардех како свои очи и сос него ја забравах тешки си години.
„Крвава кошула“ од Рајко Жинзифов (1870)
Утре, дај Боже здравје, одење в град и назад нема да се вратам од овие тешки лакрдии што ми ги рече стариот, да знам оти за вистина клетвата негова ќе ме фати; пиле да се сторам, бело море и црно да прелетам, ама уште еднаш при татка не дојдувам.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Да останат вечно спомените тешки за војвода тука што остави снага, за честа што тука во часови жешки бој водеше страшен за слобода драга.
„Локвата и Вињари“ од Лазар Поп Трајков (1903)
144. Браќата Асен I (?-1196), Петар II (? – 1197) и Калојан (? – 1207) се обновувачи на бугарското царство, кои успеваат да ѝ нанесат тешки порази на Византија и да ја прошират својата држава.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
97. Израз во рускиот јазик: против својата желба, со тешко срце, со страв.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ах, бре, Коле! Дали и ти тој тежок пат ќе го поминеш...
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
КЕВА: (Предвреме остарена и свената од тешки напори се да му угоди на својот маж со маченичка ревност која оди, до ропска покорност, сметајќи дека тоа е нејзина должност и нејзина судба. Облечена е сета во сив тон.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
СПИРО: Така е, легач. Градината сама се вади; тешката бунарска кофа има крила, сама лета нагоре; дрвата сами се цепат; ѓубрето само се исфрла на буниште...
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
АНА: (го подига). Леле што бил тежок!
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
И, да речеме, не е лошо. Секоја работа е тешка! Да седиш е лесно.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Затоа пуста туѓина е тешка. (Очите ѝ насолзуваат и си ги брише).
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Севда е тешка, голема, уште потешка прокуда!
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
Тешката тага, тешката, тешката тешко засвири!
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
Повеќе