театрален (прид.)
Од експлозивната енергија на критичката традиција на деветнаесеттиот и дваесеттиот век, денес преостанаа само театрални одречувања, ритуални негации. 92 Margina #4-5 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Затоа народот и не е ништо друго освен една театрална фикција.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Музиката е насекаде, сообраќајот интензивен, релативно густ и тивок (за разлика од нервозниот и театрален сообраќај на италијански начин).
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Она пак затворање во собата, со машината пред себе, секако дека го разбирам, но тој тоа го правеше на театрален начин, со пуфки, што се вели, како што прилега на некој повикан само за големи дела.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Ти уште палто си облекла! - викна наставничката театрално и сиот клас се насмеа.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Ивона со театрална умешност ја рецитираше својата наградена песна.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Дарко запали цигара. Театрално повлече и го испушти чадот.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
Во својата жизнерадосна решителност да ја прекине претставата, „целиот свет да го истера“,125 и во својата бесрамна прослава на некоја алтернативна стварност, на волшебен свет во техниколор некаде отаде виножитото, „театрален, а не реалистичен“,126 каде што нормален народ (дури и прволигашки бејзболски екипи) наеднаш громко заоруваат песна и заигруваат, лирскиот етос на бродвејскиот мјузикл – неговата нарушителна форма што ја одложува стварноста и наизменично го менува начинот – ја изразува геј- желбата и му одговара на тоа што го сакаат геј- мажите далеку повеќе отколку секој што буквално го денотира и го отелотворува гејството. Барем порано беше така.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Поточно, репликата стана пародија на екстравагантната разочараност, разопчинетост и непочит, начин за театрално покажување „пркосен однос“, средство за ведро отфрлање на американскиот надриинтелектуален морализам како естетско потфрлање достојно за презир.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)