тврдокорен (прид.)
Гледајќи ја оваа маса од расчувствувани лица, Арсо се прашаше самиот себеси, зошто овие сериозни лица - запотени, стеснети и опијанети од љубопитност, ги заборавиле своите секојдневни работи, многу важни за самите нив и се претвораат овде во наивни, пакосни или добродушни гледачи, зашто им е потребно тоа да се согласуваат со оние што обвинуваат и на таков начин да си ги прават душите тврдокорни, барајќи во себе презир, непопустливост и казна за оние што се млади и непокорни, но очигледно способни да ја платат највисоката цена за таа своја непокорност, за тоа свое несогласување и за мечтата за нешто што го нема, но треба да дојде, зашто без него нема смирување и среќа.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Но освен малкуте тврдокорни партиски кадри, сите други, вклучувајќи ги тука и вишите и нижите службеници, скришум, да не видат другите, се снабдуваа со козјо млеко и млечни производи.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
XII Кога дознаа во партијата за името на нашата коза Сталинка, тврдокорните идеолози во себе се противеа, но не можеа јавно или на друг начин да реагираат интимно страхувајќи да не бидат разбрани дека се против големиот брат.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Но сите присутни не го делеа мислењето на тврдокорните комунисти во чии раце беа и дефинитивната моќ и власта.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Него, Цви Корец, главниот рабин на Солун, нејзиниот амбициозен, нееластичен, тврдокорен маж кој горчливата вест за неговото неименување на уште една функција, за духовен предводник на сите Сефарди, нејзе ѝ ја соопшти со нескриено разочаруваење.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Мојата тврдокорна борбеност правеше да ме мразат.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)