тврдина (ж.)
Но фронтот не се местеше. Се зацврстиле едните, се зацврстиле другите, и никој своите тврдини не ги напушта.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Една група од десетина семејства од тврдината Пешта пребегаа дури преку Црна и засели ново селиште кое го нарече Пештани.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Сети дека ова прашање може да биде смртоносно за неговите деца што се во тврдината и им ја погоди пакосната мисла, па почна да се прави на три и половина.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Фатените старци и баби ги тераа врзани под тврдината и таму ги тепаа и мачеа на очиглед на бунтовниците – нивните деца и браќа, терајќи ги да ги наговоруваат да се предадат.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Не измина ни шест часа од разговорот со татко му, а тој пројури на својот облеан во пот и пена коњ низ Челница, главниот влез на старата охридска тврдина.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
И тврдините, црквите, манастирите и старите - дотраени куќи наоколу, обвиени и оживеани од бројните приказни и легенди за едно бурно минато, секој час раскриваа пред неговите очи нови облици - сѐ побогати и почудесни...
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Како змеови да им ги пазеа влезовите - тие беа непристапни тврдини за гладните, безработни луѓе... Црни и проклети времиња!
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
И, наеднаш, сиот тој свет од униформи и блескави бајонети се нурна кон зинатите железни крила од тврдината.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Затворската канцеларија беше истуркана во најјужниот крај до самиот ѕид, кој како јака тврдина ја опколуваше оваа морничава зграда од сите страни.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Последната претстава ќе се одигра таму, на малиот плоштад, врамен меѓу тврдината, пристаништето и зградата на воениот суд.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Израснуваа над него, во сета своја височина, четворица луѓе, од сите негови четири страни, а после се наведнуваа и го спуштија врз тврдината на смрзнатиот снег.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
2. Од прастаро темна засипната боја Кружи околу тврдините И го пали времето.
„Камена“
од Анте Поповски
(1972)
Квечерина ја раздиплуваше известената војничка карта И на неа се мачеше да го распознае својот глас Врз полегнатата војска низ полето Ја корнеше мовта, го соголуваше камењето на тврдината Раскопуваше низ полето, ги чистеше рововите, И некаде на залез, студен ветер кога надоаѓа од замаглените ѕвезди, Тој долго стоеше простум и со војнички поздрав сам си ја пееше песната некогаш што ја пееја неговите момчиња: Отвори ја вратата, можеби ноќва ќе се вратам...
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Поетот застанат спроти македонскиот јазик како да се наоѓа пред неосвоивата тврдина во времето: кога ќе си помисли дека ги отворил нејзините порти – се покажале други, трети...
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Особено на Будим, на чии височинки, над самиот Дунав, се наредиле импозантните стари зданија - црквата на прочуениот унгарски крал Иштван Матијаш, во чие подземје се наоѓа музеј, со најстари унгарски реликвии, со тврдината на аласите, која ја обиколува црквата.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Зашто, според преданијата, Будим потекнува од една аласка, рибарска населба, односно од оваа тврдина, која пред многу векови ја издигнале некогашните рибари на Дунав.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Од терасата на хотелот „Дуна“ се восхитував од убавините на тврдината на аласите и на Кралскиот дворец, во кој е сместена националната Уметничка галерија на Унгарија, уживав во ладните пијачки и, навикнат на секој чекор во Будимпешта да гледам убав, млад свет, не ме зарадува глетката на терасата која, буквално, беше окупирана од старици, облечени во шарени алишта, та дури смешни, и помислив - остарела Будимпешта.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Буицата, покрај тврдината, ги уништила и ковачките, валавничарските и кожарските работилници подигнати на бреговите на долот, по оттука и името на средниот дел на Голема Вода, на оној од газилото па до долниот раб на шумата на Градишки Рид: Коачки Дол, Кочов Дол, односно Ковачки, односно Ковачов Дол.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Борбите на фигурите личат на опсади,опсади на цврста тврдина, во кои одново се докажуваат неочекуваноста на акцијата против прецизноста на одбраната.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
Често се пијанеа, меѓу ѕидините на тврдините, но и такви не можеа да го избегнат шумот на водената пустина. Беа отсечени, се раѓаа и умираа сами, беспомошни.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)