тамам прил.

тамам (прил.)

Тамо имало едно големо блато и во блатото илје и милје имало жаби и други водни животники, тамам за штрковите гозба.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Близу до таа планина имало и едно поленце што било полно со скакулци од најголемите, - тамам за рана на штрковите.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Таман што кумот ја крева ногата да заигра и зинува да запее Антица се пушта од орото и почнувајќи од кумот та до кумата и старосватицата им бацува рака и потоа се фаќа на орото.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Таман на среткуќа кај долното било, за голема радост на Доста, од пелената се слушна нешто како маче кога мјаука. „Мјау, вјау, a јаа,а,а," — се распозна детски глас.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Најпосле и Велигден дојде. Дедот поп Трајко неколкупати излева ноќеска да види што коа е и таман Деницата се јави над Српјановец, си ја зеде торбичката со алатите и пукарачукара, дојде во црквата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Пукара — чукара, таман како сношти, му се фукнаа на Рожден и право кај дедот Карабуклија.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Тамам се расположи, ја одврза шамијата од под брадата, и кога беше готова да се предаде на пријатноста на ладот,чу како нешто во коријата зашуме.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Тој тамам ќе попрестане, а дедо Геро пак ќе му ги покаже забите и ќе му пристори: - Хе-хе-хе-хе... и така со ред додека дедо Геро не го изел зелникот, а Митре останал гладен.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Едниот го праша другиот: – Велиш ќе си достои кадијата на зборот? – Таман работа еден кадија да кршне – му одговори другиот. – Тогаш не за бадијала ја јадевме горештината летоска.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Напати му се причинуваше дека се тоа бранови што се креваат, шумат, се пенат и тамам да го поклопат се расчленуваат на најразлични бои кои треперат, треперат додека не се претворат во шарени кругови кои се вртат, се вртат околу него.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Таман Коте го палеше лулето со едно гламче извадено од огништето кога некој засенчи на прозорецот.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Сега внимателно Србин ја здобави и тамам почна полека да ја врати матарката за да може камчето со лизгање некако да излезе одвнатре, кога, оној од зад ѕидот рече на цел глас: - Што се шуњате овде мајку вам вашу!
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Ама, таман ние растовариме, и еве ти и агите озгора стената, припукаа на нас, Бре, ќе не јадат пците едни, бре ќе нѐ оберат, ќе ни и земат добитчоките.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Таман припна горештината, по пресопта; ги фрлија сакмите под леските на лево и десно од локвите, наизлегоа булуци овци, брави, шилежиња и курдисаа да пладнуваат и тие.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Престанаа со пукањето и едните и другите, но Турците, таман се затемни убаво, ја запалија племната од комшијата Стевана и целото куќарче го осветлија, та Шаќир и Јован не можеа да го направат предвидениот препад зад куќата и да го скинат опсадниот обрач.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
- Па тој никогаш не ме остави сам да пресвирам, да се донакажам, велеше Јоше Свирачот, таман ќе ми се стопли срцето тој снег ќе ти фрли во него.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Таман мислиш си избегал од една мака, друга те повлекла.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Таман сум заспала, ете го стражарот и ме буди.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Тамам ќе си се видам и со моето другарче Киле.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Сонував како се кријам да не одам на училиште и тамам да се пикнам во меѓата под манастирот кога, како од земја да никна Петре Даскалот.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Повеќе