таксативен (прид.)
6. Согласно горенаведените строги и таксативни одредби, стручните служби на Центрите за вработување при АВРМ, во 2008, постапувале по вкупно 9.987 барања за остварување право на материјално обезбедување во вид на паричен надоместок.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Судот, на барање на оштетениот, ќе досуди надомест и за идна нематеријална штета ако според редовниот тек е извесно дека таа ќе трае и во иднина (чл. 192, ЗОО). 7. Второстепениот суд ја испитува првостепената пресуда во оној дел во кој се побива со жалбата, во границите на жалбените причини; а по службена должност внимава на примена на материјалното право и на повреда само на некои таксативно наведени одредби од ЗПП (в. и чл. 354, ст.1sq од ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Но, нема да се донесе пресуда поради изостанок и кога таксативно се исполнети овие законски услови – доколку 192 судот најде дека се работи за барање со кое странките не можат да располагаат (чл. 320, ст.1-2 од ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Поради ова, синдикатот во битолската топлификација, имајќи ја предвид новонастанатата ситуација, во декември 2007, одржува состанок на кој го разгледува предлогот на „Топлификација“ АД – Скопје за уредување на статусот на вработените, и донесува одлука во која јасно истакнува дека тој предлог ќе го прифатат само под следните таксативно наведени услови: 1) исплата на платата за месец септември, најдоцна до 25.12.2007; 2) од парите собрани од наплатата приоритет да имаат исплатите на придонесите и платите; 3) претседателот на синдикатот да има увид во изводот од банка, 230 со цел да не се вршат други плаќања сѐ додека не се исполнат обврските со плати и придонеси кон сите вработени; 4) исплатата на отпремнината да биде во склад со ЗРО (2005) и да се исплати до денот на престанувањето на работниот однос.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Во истиот член се предвидува измена на вкупниот број 14 на таксативно наброените области кои треба да обезбедат заштита од полова дискриминација.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)