тажно (прил.)
Камен ли му в гради легна стија ли го в коси стегна - срце селско - векот тажно!
„Бели мугри“
од Кочо Рацин
(1939)
Ангелија молбено и тажно го гледаше. Градите ѝ се разбрануваа како смекнат мрамор.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Да јадеш крадени отпадоци од туѓи софри и да се гордееш со тоа: смешно и тажно.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Старецот тажно ја наведна главата како да ги сокрива солзите и послушно појде пред полицаецот.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Им стануваше тажно до солзи.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
На ова место тажно им беше само тоа што гледаа толкава шир пред себе, но не и оној крај од каде што беа тие.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Тажно е да зборуваш осамен во мракот за своите радости однесени.
„Слеј се со тишината“
од Ацо Шопов
(1955)
Тажно е во ноќта да бидеш сам со птиците, да чекаш со нив сам в некоја пуста станица, и додека некој се лула низ улиците да мислиш дека ти си, ти си тој пијаница.
„Слеј се со тишината“
од Ацо Шопов
(1955)
Тажно е да копнееш за една средба само кога ти е животот бескрајно патување, галеби да носиш на своето рамо а да не го чуеш нивното милување.
„Слеј се со тишината“
од Ацо Шопов
(1955)
Сурлите онемеа, набабрените образи на Циганите тажно спласнуваа.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Кога одблизу го видов сцрвенетото уво на Цанета, и не сакајќи реков: - Квак! Тој тажно се наведна.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
В тишината балансира зелен водоскок тажно извишен и кроток стои тој Децата ги ронат гнездата на звуците па е така безнадежно сам Ослони се одмори се невина на рамената на ветерот не ведни се крени се за еден поглед мал над оваа премногу нерамна висока разбранета ливада на куќите Тогај накваси го грлото на нивните црвени треви тие ја помнат земјата што те роди
„Дождови“
од Матеја Матевски
(1956)
Затворена во себе. Усамена. Само со своите спомени... Тажно.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
„Не, овој не е мојот Крстан, овој е друг човек“ - си мислеше и нишаше тажно глава.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Старчето тажно ја заниша главата. Ништо не рече.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Само дајрето му падна од рацете, се стркала по калдрмата и тажно заѕвеча... лебедова песна - Келнер, трубачот молам.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
По извесно време потпевнува нешто тажно но неразбирливо.
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
Таа беше некоја чадлива недогледност и болно недоверливата мисла, озлојадена од гласот на офицерот што му одекнуваше тажно во мозокот, се упатуваше таму.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Тамбурата и оној јаснозвучен весел глас тажно се стопија.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Да биде некое свечено умирање, лирско трагично и тажно.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)