тажаленка ж.

тажаленка (ж.)

Тој беше повисок од таа здиплена наполно старичка, онака сува и вдовички свитката у две губи, таа појде кај Башмајсторот, нешто зборуваше таму, Башмајсторот само климна неколку пати со главата, загледан во орото, а Змејко тогаш можеше да го чуе оној глас на старичката, тој глас од тажаленките во летните приквечерини, кога рече таа: „Чувај ми го, мајке, добро.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ја слушаше повторно далечната тажаленка на волчото завивање во ноќта и во она, што го чувствуваше притоа, со некакви сосема ситни мравки на морниците по сета негова кожа, што се пронесуваше како лазење од секој близок лелек на гладот, тој го најде првиот допир со својот гостин.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Во тој миг една од нив се јави во далечината со својот продорен писок и така ја отвори и вечерашната тажаленка на гладот, исфрлен среде тој снег, а сепак толку многу дома. Со тоа завивање сега заплака сета шума.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Останаа во свеста само оние три стебла на брегот – Како три тажеленки над морето, Како три крста, Три меча: Дење што го милуваат Ноќе што му шептат Во која насока заминаа децата И кога – ќе се вратат.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Мајка ја изневеруваше речиси побожната тишина во библиотеката само кога се препушташе на тив­ките тажаленки по вестите што идеа од другата страна на границата, за исчезнувањето на најблиските, половина век невидени...
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Затоа оттаму и се јави онаа тажаленка исполнета со големо копнеење, што одвај го наслушнав а знаев дека таа мене ми го испраќа.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
На мигови, во тажаленка­та, му се обраќаше на Севишниот, да ѝ каже каде згрешила што повеќе не може да ги спасува своите чеда, а самата продолжува да живее.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Инаку, само за да знаеш, проскрибираната незгода се случуваше во мојата спална долу, во Бањи!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
По тажаленките, Мајка небаре се закопуваше во својата тишина, го допираше нејзиното вистинско дно, пренесувајќи ја во некои мистични предели на душата.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Дали токму ваквите збунувачки размисли што не знам од каде наидоа утринава, ја спречија твојата насмевка да се појави на моето лице?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Тој, спружен во еден прост дрвен ковчег, а врз главата му се извива влашката тажаленка на мајка му.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)