тагување ср.

тагување (ср.)

Животот е толку богат и убав. Нема време за тагување!
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Месечината одблеснуваше со онаа своја болна светлина над маслините и чиниш рееше тагување над оптегнатиот лав во тревите.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Се извиши во ноќта како проклетство, како некоја негова глад, како тагување заради таа прогонетост, таа осаменост, беше една потиснатост, во која остануваше секогаш на дното, ја поднесуваше без секакво дробење, а сега си ја викна таа своја безизлез, тоа свое беспаќе пред уште едно стемнување.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Таа својата радост ја плати со вечно тагување, приврзаноста - со исчекување и страдање. И, ете, сега го загуби и синот...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
2. Точка збор, вулкан, булка - Во сонот и сонувањето, Во радоста и тагувањето, Јатка во матката, лулка Од небесно ветре лулеана, Песна уште незапеана, Дом и пристан, монистра Од ѓерданот, бемка на вратот.
„Сонети“ од Михаил Ренџов (1987)
Осаменоста во неговите очи не е израз на тагување поради светот.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Денес имаше страв, омраза и болка, но, не и достоинство на чувството, не и длабоко или комплексно тагување.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Имам чувство дека ова парче земја, вечно место на крстарења на небројни завојувачи, место врз кое е растурена лакомоста на соседите преку кои големите наоѓаат своја сметка, заради што е подложено на страдања, тагувања и исчекувања, е единственото место каде човек само со пот го спечалува лебот насушен, а мир и покој нема до крајот на своите дни...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Се чини дека секој збор е бележан со сите младешки желби, копнежи, тагувања, пасакувања и болки и е извезан и украсен со коприна и мониста.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)