табак м.
табакера ж.

табак (м.)

Бидејќи бројката седум за него има некое необјасниво мистично значење, тој би сакал обемот на овој негов ракопис да изнесува седум авторски табаци. Барем не помалку.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Сега Курназ немаше ни трафика ни бутка, туку киоск; и продаваше не само цигари и весници, кибрити и свеќи, коверти со марки и табаци за молби, ами и лижавчиња на дрвца, гумени бонбони и гумички за бришење на мастилави моливи.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Кога пак ќе земеше Калија, например, да утлеисува, да го разгорува ќумурот во железната утија: или кога ја креваше жешката црепна вадејќи го врз пирустијата табакот со зелник: кога ќе се забревташе толчејќи со ќускијата слануток: или кога ќе се наведнеше полека и растреперено врз ковчегот со невестинската руба во кој сѐ уште имаше дел од чеизот, е тогаш, Бошко гледаше како шафранот од нејзиното лице станува божур, а белузлавите очи како трчаат од далечина и почнуваат да светат како жеравици.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Тој беше во гимназијата одговорен по работата на литерарната дружина и надзирател на ученичкиот лист „Полет” што излегуваше повремено на два табака.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Неговите скрипти ги згазна коњот со копитото, како свесно да знаеше дека токму така треба да се држи спрема него, да му се потсмее презриво за сета мака што повеќе од едно десетилетие го превива над смислата на овие извалкани и побледени табаци.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)