сушен (прид.)
И погачи донесоа подлеани со јајце одозгора и со дупчиња на корката, зацрвенета ко жар, ко сушно лето.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
- Ова не ќе излезе на добро, му велам јас на Јона, ова мора да донесе некоја болест, му велам, или некоја чума или краста, му велам, сушна година или вошливо време, му велам, или пак некоја долга војна.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Го послужија со слатко и со некаков пијалак што мирисаше на сушени јаболки.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
5. Таква е, гледана однадвор, пуста и ненаселена, наваму од крајот на последната Голема војна, односно наваму од принудната колективизација, и нешто потоа, откако ги зафати луѓето емиграцијата, таа самоникната и безимена потковица среде Бакарно Гумно, која, спуштајќи се благо по голите падини на ридиштата, на запад и на југ, сè до мелиорацијата (пред десетина години ја извршија доброволно младински работни бригади; покрај бесплатна исхрана, работничка облека и плускавици на дланките, младинците имаа и задача да ги шират меѓу себе љубовта и братството) се преточува во ливадско земјиште (сега сушно и неплодно) испресечено со мртвици и блата кои, пак, се вливаа во Црна и во кои заедно со стотици видови барски и преселни птици живееше и лошиот дух на маларијата, а на исток и на север, односно на североисток и на северозапад, сѐ до мариовските планини, односно сѐ до Прилеп и сѐ до крушевските планини, во житница и тутунско поле.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
— Да има сега една ракија, вели Цветан, и една здробена марула со варено јајце и сушени маслинки...
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Попе, не лекувај го со вино, му се сторило дека бегот подвибно вика по него, но тој по неколку седмици, ослободен од велигденските пости сит и напиен, видел дека ждребето е нападното од коњска треска го назобал со трици и го ожеднел и потоа го напоил со зашеќерено вино во кое замешал грст суви тревки и млад, дванаесет месеци сушен пелин.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
И го наврев фустанот на мене. ,Во сушно време и градот аредисва", велеше дедо.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Еднаш, по еден сушен Петровден, удриле со голи сабји на карван што се враќал со сребро од Кратово.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Последни почнаа да доаѓаат жените, ама како која идеше со празни раце не доаѓаше туку носеше или некое компирче, ремче сушено свинско месо, лукањче, ореви, дивјачки и што ќе се најдеше.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
ТУТУН (TOBACCO) Форма: сушени листови од растение кое вирее насекаде во светот.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Дамна низ животот Минав Сега сум знак На она што бев Плитко изрежан грев Врз парче Сушена Глина.
„Вечната бесконечната“
од Михаил Ренџов
(1996)
Тој ден за ручек, Бог му даде на Александар Јаковлевич шише зубровка, домашни печурки, чинија со риба, украински боршч со месо од прва сорта, кокошка со ориз и компот од сушени јаболка.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Но македонецот е задоволен со кадифениот звук на кавалот, со блеењето на овците, со полноќното пеење на славејчињата, со домаќинскиот мирис на кромидот и сушените пиперки... Зошто да не... okno.mk | Margina #26-28 [1995] 40
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Вратата од таа црна дрвена барака, целата во саѓи и пајажини, со низи од сушени црвени пиперки, кромид и лук, му го покажа патот на гимназијалецот за во литературата.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Со овој проект генерациите кои доаѓаат по нас нема да веруваат дека сме биле сушен и жеден регион.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Главниот инженер ме советуваше да барам да се стават водомери за во иднина, во случај на кризни, сушни периоди, да може да се ограничува и да се контролира потрошувачката на вода.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Така би ја отстраниле сета нечистотија што се насобрала во време на сушното лето, кога воздухот има многу прав.“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
За градинчињата и за бавчите да не зборуваме. Сѐ што беше пркнало, се исуши. Се знае, октомври е сушен, и дури посув од август.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Бидејќи летото многу жешко и сушно, дел од водата на езерото беше се испуштала за наводнување на полето под долнечката брана.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Бошко заедно со Калија одеше на чомлек пазар по урда, и на балук пазар по сушена риба, се туркаше и во врвулицата пред фурна каде што целото маало носеше разни јадења за печење, од лебови до тави гурабии и татлии, ама заедно со чиракот од дуќанот на Марко, им носеше јадење и на Марко, и на самарџијата Димо, бидејќи мајка ѝ на Калија, како и свекрва ѝ, беа дамна починати, а таа прекриена чинија со цедило везден му ја грабаше на чиракот, и самиот, напрегнат, ја носеше истурена напред, како да носи цел товар леб и сирење, грав или јанија со јунешко која не смее да се плисне или, чувај боже, да се истури.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)