супкултура ж.

супкултура (ж.)

Поради тоа рок музиката, за разлика од т.н. сериозна музика, во себе носи поинаков облик на креативност - создавање на нови стандарди, вредности, како и скриени облици на комуницирање внатре во психоделично ориентираната супкултура.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Брус Стерлинг (Bruce Sterling): „Единствена можност за опстанок на субкултурите е во тоа тие да се распрснат, да се разгранат колку што е можно повеќе.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
За Кулик: „Вистинската демократија може да биде воспоставена врз политички инклузивната идеја на зооцентризмот (човекот како дел, а не мера за биосферата на нашата планета) - Зооцентризмот го интегрира човекот како супкултура во поголема целина на соединетата култура на ноосферата (изведено од noos: способност за мирисање, сетило за мирис)”.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Ќе ѝ пристапиме од три страни: (1) како на супкултурна практика – суптилна, сложена и тешка за теориски опфат – која почнала да се испитува во еден малечок, но значаен корпус на дела од областа на квир- студиите; (2) како на тема во машкото геј- писмо; (3) како на студиски проект, бидејќи и самиот предмет ќе претставува експеримент за самиот процес на иницијација што се стреми да го осознае.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Да го наречев предметот „Процесите на културната меѓуидентификација како механизми за сексуално супкултурно внатрегрупово формирање на заедници во САД“, тешко дека ќе имаше некакви неволји.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)