супериорен (прид.)
А во моментов ги засмејува токму тоа што знааат дека јас знам дека политиката е немоќна без науката, тоа што јас нив ги гледам со ненавикнување, со оглед на мојата супериорна позиција.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Поволно избивајќи на виделина за време на еуфоријата од нашата победа во битката, оваа уметност беше промовирана како форма на визуелна репрезентација супериорна во однос на сите други, посебно во однос на социјалниот реализам.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Овие часовници станаа супериорни во однос на другите; беа попрецизни, имаа лонг лифе гаранција и, покрај сето тоа, дотогаш невиден дизајн.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Неговото однесување се промени и тој рече со погруб глас: „И ти се сметаш морално супериорен во однос на нас, со нашите лаги и со нашата свирепост?“ „Да, се сметам супериорен.“
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
А богами, супериорен беше во однос на на многумина, особено на оние што ѝ кумуваа на кризата – патриотите и спасителите, кои сега безуспешно нудеа спас преку воведување воена состојба. Целосен хаос...
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Во тие мигови, силно чувствував дека ми останува во наследство, преку овие Таткови книги, во кои целосно, до крајот од својот живот, беше задлабочена и Мајка, да трагам по незавршената фуга на стогодишниот егзил на семејството, ми преостануваше разгатката на тивката тишина на поразот, во која беа супериорни Мајка и Татко.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Основните креатори на овие политички системи беа големите сили, кои во историскиот момент на нивното дејствување се сметале за „големи“, влијателни и супериорни сили во меѓусебните односи со другите држави.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Камилски настојуваше да му предочи на Татко што му недостига на духовен план на Балканот во однос на Европа, сметајќи се во тој домен за супериорен.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)