сулфур м.
сулфурен прид.

сулфур (м.)

Тој им препорачуваше да палат по малку сулфур за да можат да спијат.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Зашто, несоницата, велеше, е последица на тоа што со појавата на чадот се смали поранешната количина на сулфур во воздухот.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Некои палеа сулфур за да пробат, а некои викаа: Глупости! Варџијата Оруш постојано пиеше и сѐ му беше рамно.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Незначително чувство на забрзување. Мирисот на димот на хероинот е тежок и се задржува долго и веројатно не е ништо поразличен од мирисот на сулфурот.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Мирис на месинг, остар мирис од изгорен прав, мирис на ракетен сулфур.”
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Ја стиснав темната ткаенина со топлите раце; го почувствував Марс, еден железен мирис, и Венера, мирисот на зелен бршлен, и Меркур, мирис на сулфур и оган; го почувствував мирисот на млечната месечина и тврдоста на ѕвездите.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Се движи со сулфур и грмотевици и ја пали тревата.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
А одонде, од работ на шумата на четирите годишни времиња, Пишпирик и Барбут- бег се одмаздуваа со зборови: - Измамници! - Џепџии! - Во сулфур да горите!
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
„Но, погледни му ги очите; црвени му се како сулфур во пеколот“, рече таа.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Засега во градот имаме осум мерни места што сама го регистрираат загадувањето и тоа со оглед на концентрациите на чад и сулфур диоксид.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)