сугестија (ж.)
Кога се смирија и кога легнаа да спијат, отец Иларион му рече на игуменот: - Можеби од сугестија... Чумата ги исплаши...
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Од тоа изобилие на пронајдоци, сугестии, изуми, идеи, скици, се издигнува и заедничката наклонетост кон необичните материјали.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Тоа е така затоа што едноставно толку сте отворени за сугестии кога сте на ЛСД, што да ви кажат дека чоколадните бисквити можат да ви помогнат да ја контролирате дрогата, вие ќе поверувате и навистина ќе ви успее.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Сакам исто така да ѝ се заблагодарам на Нора Мартинс Лобо, која ги потврди овие информации за мајка ѝ и даде многу корисни сугестии.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Иглтон ја отфрла зачестената сугестија дека терминот станал повеќе проблематичен одошто вреден и го нуди следното како дефиниција: „идеи и уверувања кои помагаат да се легитимира интересот на една владејачка група или класа особено со изопачување и затајување.“
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Често пати сугестиите дека луѓето можат да бидат успешно сфатени како машини (и според тоа ограничени) се видени како нешто навредливо или бесмислено, и тоа се смета како симптом на некој вид политичка грешка или интелектуално слепило.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Оваа анализа на моќта на многумина ќе им биде тешка за прифаќање, поради сугестијата дека многу од аспектите на нашите индивидуални начини на однесување за кои тврдиме дека се израз на нашата слободна волја, или за кои тврдиме дека се против наметнатите начини на однесување, не се она што на прв поглед се чини.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Болен е од сугестија... Треба да се лечи...“
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Им се смее на лекарите: „Значи и за сугестија има лек...“
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
„Трите академски идеи кои навистина ме интересираат се: она што мојот учител (говорејќи за Сезан и кубизмот) го нарекуваше „ротирачко гледиште“; сугестијата на Марсел Дишан да се досегне Неможноста на доволно визуелна меморија за меморираниот впечаток да се пренесе од еден на друг сличен предмет; и Леонардовата идеја...дека границата на телото не е ниту дел од зафатеното тело ниту дел од околината на атмосферата“.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Сугестијата беше јасна: Сталин го зазема местото на Бог... * Се доближуваме до албанската гранична зграда.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Но имаше еден момент - не знаеше колку долг, триесетина секунди можеби - од блескава извесност, кога секоја сугестија на О'Брајан исполнуваше еден дел од празнината и стануваше апсолутна вистина и кога два и два можеа да бидат три, исто толку лесно како и пет, ако беше потребно.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
По сугестија на партизаните одлучил да се држи „до планините северно и југозападно од Пешкопеја“.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Едно лесно го отфрли злонамерниот дел од неговата сугестија, но не пропушти да го прифати делот што му ја дополнуваше веќе крокираната претставата за Петра.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Еден од моите браќа, кој ја прифати татковата сугестија да студира медицина и стана познат педијатар и универзитетски професор, имаше двајца професори сефарди, специјалисти, познати, кои го поддржуваа во кариерата и останаа големи пријатели.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
И такво какво што го опишувате самото езеро што еден од вашите браќа го слика на ѕидот во вашиот нов дом крај реката Вардар во Скопје, се чини дека е обид да се оживее душата на езерото во новата татковина; и во истовреме, според нивните сугестии и коментари, се чувствува дека сите кои учествуваат во создавањето на новата фреска на ѕидот сакаат да ја видат во ова езеро татковината на нивната душа.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Но со оглед на тоа дека вие знаевте оти животот не го раководи некоја си судбинска предодреденост, а можевте и да си претпоставите дека на таа предодреденост најмалку влијаат нашите спомени, од каде кај вас тоа решение да постапите според сугестиите на сеќавањето и притоа свесно да ја прескокнете државната волја, изразувајќи отворено сомневање кон постапките на овластените државни органи?
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Али јеби га, ипак мислам дека се работи за сугестија шо кај 50% од луѓево ќе ги држи едно 6 месеци и ќе веруваат у тоа дека стварно среќата ќе им залупа и на нивните порти.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Експертите на Форин офис во извештајот даваат и сугестии за можните солуции во однос на македонското прашање.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Беше едноставен, тивок, умерено срдечен и нагласено службен во изложувањето на задачата што ми ја даде: до крајот на април да поднесам извештај за првото тримесечје во вид на лични согледувања на постигнатото и за методологијата на работа со евентуални сугестии за натамошното дејствување.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)