стуткан прид.

стуткан (прид.)

Извади под црната престилка три стуткани банки и една по една ги премести од едната рака во другата.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Само седеше стуткан, неспособен ни за едно најмало движење и чекаше да биде што ќе даде господ.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Машинистот извади од својот џеб бледа и стуткана слика.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Мануш се врати нерасположен, со црвени очи од замор и сонце и плашливо го протресе за рамо. „Брат ти не е веќе таму“ му го подаде стутканото писмо.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Уште пред да се раздени можеше да се забележи: кошулата му беше нечиста и стуткана, износените чевли ветуваа распаѓање.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
За неколку секунди прозорецот ќе го облее светлост, Мануш ќе биде овде, свирепо стуткан од ноќта.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Арсо е стуткан во спротивниот крај од креветот и гледа со онаа чистота што понекогаш ја мачи Ана, но секогаш разбудува во неа почит.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Сите ќе ме гледаат и ќе се чудат, зашто ниту еден лист не ќе биде стуткан или извалкан.
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
„Нејќам да видам ваков стуткан лист!“ - го искина и го фрли.
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
Девојчето се нажали, одвај ги задржа солзите и со малото дланче ми го рамнеше стутканото листенце.
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
Час разгледуваше наоколу, час погледнуваше во Србина кој чекаше целиот стуткан како да ќе го стават во котел.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Откако уште првиот пат, сето јаделиште што го донесоа го разделија, најправедно што можеа без да прават разлика помеѓу војник и офицер, додека седеа стуткани еден до друг во окопот на земја, им се приближи она едно Илија од Русе.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Ги затворам прозорците и стуткан мрморам како времето е лошо.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
И јас така на скали ќе ја преседам ноќта, стуткана на скалите, пред врати. Ќе седам и ќе слушам како капат јаболката во бавчата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Покрај свежо, покриениот гроб, стуткана седи Костовица и ги пали свеќите чии пламенчиња треперат во нејзинатаг дланка...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Ако погледнеш од горе, гледаш само црневица од забрадени, бабуњосани, свиткани и стуткани сенки како врват со наведнати глави и со одвај видлив чекор, една до друга покрај казаните и, без да погледнат во чинијата, во војничката наполу ‘рѓосана порција, во бакарното котленце, во исчаденото тенџерче, во лименката од празна конзерва, тргнуваат со уште порастреперен чекор кон своите рогозини во старите италијански коњушници во кои никој не успеа да го сотре мирисот на коњската моч.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Седам сега стуткана на камионот и гледам во козите што ја брстат шумичката крај патот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
А со очи веќе го бара стопанот со недопуштена стутканост на лицето: не му се нужни парите зашто ќе му остане часовникот за кој, итречки но без уверливост, сака да докаже дека е од злато.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
На стутканото лице немало веќе ни очи, ни усни, ни ноздри.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Останав неподвижен, стуткан. Ми се чинеше дека за сето тоа време некој со потсмешливост во срцето ми ги наслушнува мислите.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Повеќе