струја ж.
струи несв.

струја (ж.)

И бликаше на земјата во струи крвта врела од уште топлиот му труп.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Тие млади Македонци, воспитани во Србија во народен, т.е. во дух да ја сакаат најнапред својата татковина и својот народ, па после човештвото, заминувајќи во земјата каде што нема национално самосознание, а наместо него полн индиферентизам кон народните интереси, внесоа во неа нова струја од национално воодушевување и работење за ослободувањето на Македонија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
И заборав утре кога ќе ме скрие и сто сонца светнат над нас во висината – во моите очи еден зрак ќе бие, една жива струја и дах на вистината.
„Слеј се со тишината“ од Ацо Шопов (1955)
Си му наместил в село струја си му дал земја, а тој... Ете што ти е наш селанец.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Се сеќаваше Бојана за сѐ, за сѐ. Слатка струја ја опијануваше и ја исполнуваше со неискажаната милност.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Овие негови зборови преминаа како струја низ целата постројка.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Реагира како да го фатила струја. Го лиже прстот. Пауза.)
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
„Постои еден закон во природата, вели тој, помоќен од сите променливи струи, од секое влијание однадвор или влијание од минатото: тој јазик бара поезијата никогаш премногу да не се оддалечи од нашиот секојдневен говор“.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Оваа зелена база ќе ги црпи свите животни струи од блиските минерални води на селото Варвара и од вештачките топли струи на мазутното гориво.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Од младите се бара многу: добро да учат, да помагаат дома, да имаат разбирање за сѐ, но товарот на родителите е далеку поголем, од нив се бара да се има дом, да е топло во него, да се има облека, да се има храна, да се имаат пари за кино, за слаткарница, за патувања, за струја, за вода, за кредити и за што ли не!?
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
И - се знае: нема доволно струја, нема јаглен, нема ова, нема она.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
И беше мачно, о боже, колку беше мачно да се повлекува тажна линија меѓу сите тие мириси и струи, меѓу окца и младици, меѓу свирки и светлини.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Меѓу трските ми се подава една човечка глава, се ниша на вознемирената водена струја.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
од секаде ги бркаат домородците, а ако излезеш еднаш, враќање нема, си фрлил камен зад себе, оние што се инаетат ги клукаат со сол, а вода не им даваат, ги полнат со рицинус, со струја и со спици, со киселини и со куршуми, со гол газ на гол мраз им го бришат паметењето, да немаш родно место, да не спаѓаш никаде, склучува договори и со Бугарија и оттаму си ги зема Грците, а Македонците ги брка во Бугарија, секаде ги поттурнуваат, им ја истргуваат земјата од под нозете, на ненадејно ги фаќаат; жените велат: не ни чинат мажите затоа е вака, а никако не си и никако не е; секоја година нов ветер, нова вејавица,
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Сонцето излегува од еден облак зад него и, ко топла струја ми поминува по снагата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Во електричната инсталација знам еден таков дефект што вечер кога ќе се шкрапне било кој прекинувач, кога некој каде и да е ќе ја вклучи струјата, ќе се предизвика таков куршлус од кој куќата цела ќе пламне како кога се пали автомобил и никој жив нема да остане.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Светлината не е константна туку трепка како што трепка огнот под неа, но подобро некаква светлина одошто неикаква па да се ризикува да се вклучи градската струја и целот град да се запали носејќи ги животите на сите. Но не е проблемот во тоа.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Струјата станува бесплатна. Ќе морам што побрзо да го патентирам.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
А дома, намуртеното лице на жена ми ги најавува новите сметки за струја и парно, и старите незадоволства поради брачната тескоба, додека високиот писок на децата ја дополнува нејзината безозборна тажачка.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Нашето движење е дел од постмодерното движење, и во себе содржи две различни струи: киберпанкерите и хуманистите.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Повеќе