струже (несв.)
Општинскиот писар уште ја стружеше виолината. Ми се стори дека тоа свирење не е така лошо како што беше порано.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Тркалата ја стружат калдрмата, калдрмата ги отфрла тркалата, а сето тоа се спојува и се разбива во некој монотон погребен звук, стиснат од двете страни со груби стари ѕидови.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Ја стружам ампулата полна со безбојна течност и вешто го одбивам со нож нејзиниот игличест врв.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Спомени, назад во канија. Доцна. Навистина острица ја стружеше танката кора на заборавот.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Се извиваат голи ветрови фатени во мрежата на улицата и немаат залет па притиснати од тешките облаци ја стружат влажната калдрма, претпазливо лизгајќи се низ млаките барички.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Му се чинеше дека невидливи пили ги стружат жиците на неговите сетила.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Работникот продолжи да се смее, како да не ги чу Велевите зборови, стружејќи ја со присторена равнодушност варта од една штица.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
По стреите на ниските куќи ќе се влечат проѕирни сеништа. Негде ќе струже невидливо штурче.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
А кога немаше останато повеќе ништо видливо од тоа чудо на белите скрупци срнчето и тогаш продолжи да го струже подот со своето јазиче.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Околу нас цврчат некакви невидливи бубачиња и здодевно ни стружат во ушите.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Зад мене некој струже на тенеќе и ми писка в уши. Замавнувам со рака и го замолчувам.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Качакот ја држеше главата провисната, гледаше в земја, сонцето го пржеше по темето, му облетуваа муви и инсекти околу устата што му пенеше и му гореше за вода, напинаше на јажињата со кои беше врзан да ги скине; гледаше во луѓето собрани околу него, гледаше во езерото што ја заплискуваше водата и со јазикот мласкаше, стружеше низ устата која сѐ повеќе му се сушеше; се вртеше и го бараше Делина да дојде веќе, да му го забуца куршумот и да го спаси од овие маки.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
– Помалото внуче минува на втората нога. Ја стружи со пила.
„Или“
од Александар Прокопиев
(1987)
Чкрта, струже, отсекаде ги пушта ноктите.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Спомени, назад во канија. Доцна. Навистина острица ја стружеше тенката кора на заборавот.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Ми стружат градиве, небаре штици да бичам овдека.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Чувствував оган на срам под кожата на лицето: во моето грло како да стружеше црцорец.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Гласот продолжи стружејќи: „ Внимание !
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Жената, меѓутоа, клекнува пред еден трупец, ако не за колење петли барем за цепење дрва, па прво со ножот ја распорува кратко по мевот и ја чисти од сиромашната внатрешност, па потоа со рендето ѝ ги струже перките што летаат наоколу како искри од белутрак. Така, една по друга, сите рипки како изглодани кочанки пченка, сега мирни под мишка.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Речиси, никогаш не ме болеше неговиот допир со памучето намокрено во ракија на моите расрквавени колена со кои ги стружев рапавите улички во Мичурин, најмалку еднаш во неделата.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)