стрелец (м.)
Тие ќе се стаписаат лево и десно, останатите триста пушки ќе припукаат одозгора и бумбашите ќе го претрчаат обрачот, ќе се распрснат во стрелци зад грбот на потерата и ќе дадат оган со своите пушки.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Аскерот се разви во стрелци, толку густо, што ако се фатеше за рамо, можеше да направи танец од оро, на чело со „танчарот" бимбашијата, а опашката би ја држал Бахтијарпаша. Со пристигањето на десниот фланг бимбашијата издаде заповед за напад.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Кожата на лицето и снагата му беше ишарана со пишанки, бенки, та Богуле често се слекуваше пред огледало да ги гледа, зашто (онака како што му беа групирани по градите) му личеа на соѕвездијата: бик, овен, голема и мала мечка, ралник, пирустија, стрелец и други соѕвездија што ги учеше во училиште.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Западнал така меѓу аскерот но без своја волја и распонот од Кукулино или од некое соседно село Констатнтин Цапар, вдовец со две деца, незаштитен да трча под фес и со предолга пушка кон топови алафранга и кон српски стрелци но со надеж дека ќе ги прерипа плитките ровови и ќе им се врати на Али Ризовите војници.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
И тој и селото и ридиштата наоколу биле фатени во обрач на мрак зад чија граница можел тогаш да се стеснува нов обрач на онбашии, заптии, јузбаши, чауши, кајмаками, мулазими, кадии и секакви одбрани стрелци и мислители на царството, повеќето со измеќари, соколари или ќати, но сите со кубури, со долги или краткоклуни пушки, со јатагани, анџари, џилити и наџаци на чие железо со златни или со сребрени нишки е запишана муслиманската покорност пред пророкот.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Возбуден и без здив, со чувство дека е и самиот со дупнати гради, Онисифор Проказник го гледал сето тоа со замрзнат прст свиткан околу чкрапецот на кобурата и можел и самиот да се прослави со своите стрелци: еден од противниците просто како да му го нудел челото. Сепак - не можел.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Сонцето лежело по нивните чела и ги прегрејувало. Едно тајно делче на свеста не ѝ се предавало на ракијата; демнело од бедемите на својата тврдина како проколнат стрелец што сепак им е заштитник на заспаните.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Генерации од стрелци го средуваа неонот сè додека екипите за одржување не кренаа раце.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Ја споменав Херигеловата книга Зен во уметноста на гаѓање со лак; мелодрамски врв на оваа книга претставува моментот кога еден стрелец го погодува самото средиште на метата во потполн мрак.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Оној кој ќе го погодеше го сметаа за добар стрелец.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Тој е подвижен и се совпаѓа со периодот на Стрелец, а може и со Шкорпија, односно со Дива Коза.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Првите никулци на јаничаризмот можеа да се најдат во македонската фаланга, потоа во преторијанската гарда на римската империја, кај елитните стрелци на Руската империја, кај египетски Мамлуци Императорите имаа доверба во одбранбените елити на своите гарди кај кои беше тотално збришан првичниот идентитет, речиси засекогаш најдени во тотална амнезија во однос на своите блиски, на својот народ.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Со оган од повеќе стрелци се бијат групни цели на оддалеченост од осумстотини до илјада метри, а тоа зависи од видот на пушката.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)