стрелан (прид.)
Но многу други стрелаат нечии синови. Многу синови на неплодната земја беа стрелани.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
А таму: стадо од кокошки и свињи пасе меѓу стреланите.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Ќе изумев и неколку важни податоци: апостолскиот легат беше истеран од земјата, спаси глава во последен момент, ама не спасија уште двајца виновни бискупи кои беа стрелани, покрај многу други католички свештеници...
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
– Да, по прогонувањето на апостолскиот претставник и двајцата стрелани бискупи, три години подоцна, тоа впрочем можевте прецизно да го утврдите и од изложеното пано, од 93 свештеници во служба во 1943 година, во 1952 година останаа 13 „верни свештеници“, а од 25 језуитски отци, и 52 францискански отци, 200 чесни сестри – не остана никој.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Истакнуваат дека сите учесници во демонстрациите биле уапсени и “веројатно ќе бидат стрелани под обвинение за фашистичка активност со цел да не се нарушат односите со сојузниците“.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Ден по ден езерото се смалувало надолу, а бидејќи веќе повеќе години водата работела на тлото, поткопувала и ронела, таа го сронила и оној ров при дното од падината спроти гробиштата во Долнец, во кој беа биле натрупани телата на дванаесетмината стрелани од Борко и од неговите луѓе во 1944-та.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Не им се судеше, бидејќи за таквиот чин одамна беше донесена пресуда дека секој кој ќе присака, ќе се обиде, па дури и ќе помисли да пребегне отаде граница, ќе биде стрелан.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)