страница ж.

страница (ж.)

Од страница до страница животот на бездомничето сѐ повеќе ме возбудуваше јас полека заборавав на луѓето околу себе и се пренесував меѓу оние деца-ајдуци меѓу кои несреќно западнал Твист. Жално читав.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
А на секоја страница сѐ нова слика а и друго е напишано под неа.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
И невообичаено за вакви случаи, тој ја запрелистува книгата полека, со видливо задоволство, и се задржува на една страница каде што е подвлечена со молив една реченица.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Сега полн осмев го зафаќа, ја ниша главата, му го посочува на Етхем-паша местото од страницата.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Претседателот ја погледнува страницата ишаркана со молив, па ги преместува полиените со нечиста влага очи кон иследникот: „Што е таму?“
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
И навистина: тој читаше страница по страница, а ние патувавме: се стискавме за авионот кој не беше повеќе распарчен и раздробен и, слушајќи го, се вѕиравме во мислите да го видиме она што Васе го читаше.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
- Не можам. Дотука е. Глувците ги изгризале последните страници.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Пред него, на отворената страница е огромна, црна мечка, со преврзана муцка.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Цела Баварија беше под снег, а на минхенската страница беше уште постудено.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
На масата кај Драгана прелистував една книга за цивилизацијата на реонот Рајна - Меза од осмиот до четиринаесеттиот век и се запрев на една страница каде што се говори за цивилизацијата низ векови на Уј.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Опколен со бадеми од книги, се прашувам која е мојата, кои се нашите? – чувствувам нелагодност меѓу тоа мноштво печатени страници, немоќ меѓу тие мртви и живи талентирани умни луѓе.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Вртејќи ја последната страница, во исто време почувствував неизмерно олеснување и мир.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Во една моја книга, во повеста „Испит“ на неколку страници јас опишувам една своја лага.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
...затоа овие текстови настанати колку што е можно повеќе во процесот на сопственото ослободување од дистанцата ги чувствувам како разоткривање на мојот пат кон новата проза па ја молам почитуваната редакција да ги прифати како мој предлог во поттикнувачката дискусија што започна да се води на страниците од вашето значајно литерарно гласило... искрено свој, зошто ги сакам кроки цртежите или како да се претрча тревогата од разделбите ...сочноста на зрелиот плод впиена во белината на хотелските соби сокот од нутрината излиен попатно танц фигури во постелината во воздухот допира против вечноста летот на недопуштената цигара кон езерото жарот и водата во неподносливоста куса и жешка средба...
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
Благодариме!... и натаму ќе те пресретнуваат познатите зборови или ехото на истргнатото ...најважна е неизвесноста вели тато пази ја светлината на првата страница колку бавен ни се чини и долг почеток на нејзниот од но книгата веќе ја отворивме и ти патуваш сине излези од бањата не свлекувај ги тревожно измокрените гаќички туку појди по блесокот прескокни ја корицата- ограда остави ја оваа страна мене домот мртвите сестри и браќа онаму е поезијата ќорлестото маче со рахитични предни нозе ќе биде твојот водич токму тоа мачето кенгур ќе те изведе низ светот на прекршените огледала и зборот осамен што толку патетично ти звучи сега таму ќе биде највистинското задоволство ќе му припаѓа само на твојот сон ќе се гнезди само во твојот занес трагај... тигарот или полезноста на проекцијата на законите на џунглата врз собната атмосфера ...
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
Токму тогаш ја прелистував 23-та страница од цврстовкоричениот неделник.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Тој го виде наконтениот овоземен светец како да стои над страницата на албум од една непозната иднина во која сите што ги познава се поинакви, туѓи и одбивни. Не сфати јасно; сонцето повремено му удираше в очи од напукнатото огледалце.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
И по дваесет страници писмо.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Имаше точно 1348 страници на кои беа испишани веројатно милиони зборови.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
По три дена, кога излезе бројот на весникот во кој беше објавен нејзиниот текст за филмот што го гледавме, најпрво ја отворив триесет и втората страница каде што ги печатат текстовите за театарски претстави, телевизиски и радио емисии и за филм, што некои ги нарекуваат критики, а други - рецензии.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Повеќе